Дата на објава:
23 Октомври 2013На покана на градоначалникот на Општина Чешиново - Облешево министерот за земјоделство Љупчо Димовски денес одржа работна средба со претставници на оризопроизводителите од регионот, Подрачната единица на МЗШВ Кочани, Институтот за ориз - Кочани, директорот на ВС Брегалница и членови на Советот на општината.
На состанокот се отворија повеќе теми во делот на производството на ориз, а посебно внимание се посвети на актуелната состојба на оштетувањето на овогодишниот род на оризот, последица од сланата од 2-ри октомври.
На средбата се направи анализа на оштетените површини и процентот на оштетеност на оризовото зрно врз основа на Извештајот на општинската Комисија за проценка на штета.
Од страна на оризопроизводителите е побарана помош за покривање на дел од висината на констатираните штети, која би се реализирала со измена на Програмата за финансиска помош во земјоделството и руралниот развој за 2013 година и воведување на дополнителна мерка.