Новости

Средба на министерот Љупчо Димовски со новинарите
Дата на објава: 
30 Декември 2009

Со оглед на глобалната економска криза, 2009 година не беше лоша за македонското земјоделство, оцени ресорниот министер Љупчо Димовски на денешната завршна средба со новинарите.

 

- Успешноста на годината не зависеше од нас. Последиците од кризата која се прелеа во реалниот сектор, ги почувствуваме и ние. Пазарите се затворија,  а тоа го намали пласманот на одредени земјоделските производи.Според него, 2009 беше најдобра за тутунарите, а најлоша за лозарите. - Откупната цена на тутунот и негово преземање од страна на преработувачите, треба да биде пример за другите сектори, нагласи Димовски.


Соопштение
Дата на објава: 
29 Декември 2009

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и за животна средина и просторно планирање Неџати Јакупи, денеска го посетија поплавеното подрачје во општина Пласница.


Конститутивна седница на Националниот комитет на ФАДН
Дата на објава: 
25 Декември 2009
foto fadn.jpg

Мрежата на сметководствени податоци за земјоделските стопанства (ФАДН) во најголем дел се очекува да биде прилагодена кон ЕУ до крајот на 2010 година. По донесувањето на Законот за ФАДН изготвен е Акцискиот план, а воспоставени се и потребните административни капацитети, рече  заменик-министерот за земјоделство на конститутивната седница на Националниот комитет на ФАДН.

 

Како што појасни заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство и претседател на Националниот комитет, Перица Иваноски, ФАДН е систем со кој практично се следат ефектите од земјоделската политика, но и економските параметри на аграрот кои, пак, се клучни за креирање на натамошните политики.

 


Земјоделците од Свети Николе ги обновија договорите за плодоуживање
Дата на објава: 
24 Декември 2009

Деведесет и тројца земјоделци од општина Свети Николе, денеска добија нови договори за плодоуживање. Тие во 2003 година, беа првите производители на кои им беше доделена државна земја во плодоуживање.

 

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Перица Иваноски на земјоделците им ги врачи новите договори кои ќе имаат важност три години.

 

На огласот, како што истакна тој, повторно се јавиле голем дел од лицата кои што добиле земјоделско земјиште пред шест години. Тој додаде дека на овој начин Владата им овозможува на земјоделците кои ги добиле договорите за плодоуживање на земјоделско земјиште, во наредниот период да го користат земјиштетото без да плаќаат  закупнина.

 

Заменик министерот Иваноски најави дека во наредниот период ќе се направи измена на Законот за земјоделско земјиште, по што ќе се изврши и трансформација на склучените договори.


Собраниската Комисија предложи управувањето со водите да премине во надлежност на Министерството за животна средина од 2011 год
Дата на објава: 
22 Декември 2009

Собраниската Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство ги поддржа измените на Законот за води, предложени од група пратеници.  Прифатен беше и единствениот амандман што го поднесе пратеничката група на ДУИ согласно кој ингеренцијата за управување со водите треба да премине од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Министерството за животна средина и просторно планирање од 1 јануари 2011 година.

 

Предлог измените првично предвидуваа Министерството за животна средина да ги преземе надлежностите од 1 јануари 2014 година, но членовите на Комисијата се согласија дека за тоа е доволно зацртаниот законски рок - 1 јануари 2010 година да се пролонгира само една година, а не четири.

 

Министерството за животна средина како што оценија пратениците, се уште нема капацитет да раководи со водите, ниту се завршени почнатите проекти во овој сектор.


Syndicate content