Средба на министерот Димовски со амбасадорот на Делгацијата на Европската Унија во Р. Македонија, Орав
Дата на објава: 
6 Ноември 2013
-Димовски.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денес оствари работна средба со Амбасадорот на Делгацијата на Европската Унија во Република Македонија, Н. Е.  Аиво Орав.

На средбата беше дискутиран позитивниот  извештај на Европската Комисија  за напредокот на Република Македонија за 2013 година во областа на земјоделство и рурален развој и тековниот   ЕУ Инструмент за претпристапна помош – ИПА 2007-2013.

Министерот Димовски се осврна на активностите кои се прават во министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Агенцијата за финансиска поддршка и рурален развој за зголемување на апсорпцијата на финансиските средства од ИПАРД 2007-2013.


Министерот Димовски на шестиот Фестивал на органска храна
Дата на објава: 
2 Ноември 2013
 2.jpg

Органското производство во Македонија станува се подостапно за граѓаните и се повеќе е барано и присутно во исхраната. Бројот на органски производители во земјата е се поголем, а се зголемуваат и субвенциите за органските производители.

Според податоците на Министерството за земјоделство, бројот на органски производители минатата година достигнал 580 за разлика од пред пет години кога имало само 150 производители. Зголемени се и сертифицираните површини од 500 на 4.700 хектари.

Граѓаните денеска имаа можност да ги вкусат овие производи на Фестивалот на органска храна што го отвори министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски.

Според министерот Димовски, Македонија има голем потенцијал за развој и унапредување на органското земјоделскко производство. Владината поддршка за овој вид производство ќе продолжи, како и националната кампања за значењето на органската храна.


С О О П Ш Т Е Н И Е
Дата на објава: 
1 Ноември 2013

ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНИТЕЛ НА ТУТУН

 


Средба на министрите за земјоделство на Македонија и Словенија, Љупчо Димовски и Дејан Жидан
Дата на објава: 
25 Октомври 2013
 2.jpg

Македонија во делот на земјоделството направи многу важни и тешки чекори во приближувањето кон Европската унија, оцени денеска словенечкиот министер за земјоделство и животна средина Дејан Жидан, кој престојува во посета на Скопје.

По средбата со министерот Љупчо Димовски, словенечкиот министер изјави дека Македонија е на добар пат и оти ја има поддршката од Словенија.

- Важно е дека она што треба да се направи, мора да се направи на време затоа што во моментот кога ќе се забрза процесот на приклучување кон ЕУ, тогаш нема време. Тоа треба да се направи навреме и тогаш е можно да се користат сите европски фондови кои ви се на располагање. Македонија е на добар пат во делот на земјоделството и сакам уште еднаш да истакнам дека онаму кадешто треба помош, Македонија има пријател кој се вика Словенија, нагласи Жидан.


Соопштение
Дата на објава: 
25 Октомври 2013

Согласно Законот за квалитет на земјоделски производи, операторите со брашно се должни пред ставање во промет на брашното на пазар секое пакување на брашно да го означат со контролна марка.

Под ставање во промет според овој закон се подразбира продажба, превоз, складирање и чување за продажба, како и било кој облик на размена, замена или отстапување на брашното со надомест или без надомест, испорака на брашно за услуга за мелење на пченица, р`ж и пченка, за сопствена преработка и увоз и извоз на брашно.

Оператор со брашно е правно лице или физичко лице (производител, сопственик на брашното од услужно мелење, ако го користи за понатамошно производство, преработка, продажба или било кој друг начин на испорака, трговец, увозник и извозник) кое прво го пласира брашното на пазарот и/или означеното брашно го превезува за трето лице, за сопствени потреби или го пакува во помали или поголеми пакувања.


Syndicate content