Реакција на Министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ
Дата на објава: 
14 Ноември 2013

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се заблагодарува на СДСМ за промоција на успешните политики за развој на земјоделството кои ги применува оваа Влада, и тоа за:

- доделените 500 милиони евра за развој на земјоделството наспроти 5 милиони евра во времето на СДСМ;

- зголемување на бројот на вработените во земјоделството од 20.000 нови работни места наспроти илјадниците избркани од работните места од уништените земјоделски комбинати во времето на СДСМ;

- трендот на постојано зголемување на земјоделското производство и тоа најмногу во сточарството наспроти драстичното намалување на земјоделската активност во времето на СДСМ;

- двојно зголемување на извозот на земјоделско-прехрамбени производи во однос на периодот на владеење на СДСМ и кој извоз континуирано расте со порастот на земјоделското производство и достигнува дури половина милијарда евра.


Соопштение
Дата на објава: 
10 Ноември 2013

Поврзано со излегувањето во јавноста на ЛДП со искажување на произволности и конструкции, должни сме, пред сè за нив, да ги соопштиме следните факти:

Имено, сумите што ги издвојува ЕУ за инвестиции во земјоделство изнесуваат околу 70 мил. евра за период од 7 години.

Ги упатуваме во ЛДП на фактот дека програмскиот циклус завршува оваа година, но финансискиот циклус за трошење на овие средства трае до крајот на 2016 година.

Значи неможе да стане збор за губење на правото за располагање на толкава сума финансиски средства како што се наведува.


Министерот Димовски на Празијада 2013 во општина Василево
Дата на објава: 
10 Ноември 2013
jpg

Стартуваше сезоната на празот, а производителите од  општина Василево преку манифестација посветена на оваа култура порачаа дека и годинава го имаат најдобриот и најквалитетниот праз. И оваа година празијадата која има за цел афирмација на регионот во кој се одгледува празот доби максимална поддршка од министерството за земјоделство. Ресорниот министер Љупчо Димовски во своето обраќање меѓу другото потенцираше дека посветеноста на аграрниот сектор ќе продолжи и во иднина со цел истиот да се подигне на повисоко организационо и производствено ниво.


Министерот Димовски на регионалниот состанок на ловните федерации во Јасен
Дата на објава: 
9 Ноември 2013
jpg

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски денеска во Јасен се сретна со претседателите на ловните федерации од земјите во регионот. Потпишаа меморандум за соработка кој треба да помогне  за развој на ловниот туризам, а со тоа и до поголем  развојот на руралните средини.

 

„Охрабрува тоа што сите учесници се подготвени своите искуства да ги пренесат на македонската страна, воедно радува фактот што како еден од водечките концесионери односно стопанисувачи со дивечот се се јавува Ј.П Јасен како носител на иницијатава и на сите работи што треба да ги имплементираме во следниот период“ истакна министерот Димовски.

 

Претставникот од Словенија рече дека соработката со земјите од регионот се од голема важност со цел размена на искуства во областа на ловот.
Во земјава има над 240 ловишта. Во знак на интензивирање на соработката министерот Димовски доби на подарок ловечки нож и капа од претседателите од регионалните ловечки федерации.


Средба на министерот Димовски со италијанскиот амбасадор Белели
Дата на објава: 
8 Ноември 2013
80037.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, оствари прва официјална средба со новоименуваниот амбасадор на Република Италија во Република Македонија н.е. Ернесто Масимино Белели.


Syndicate content