- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Министерот Димовски на Фестивал на младо вино
Дата на објава: 17 Ноември 2013Љубителите на доброто вино имаа уникатна можност да присуствуваат на првото отворање на бочвите со вино од годинашната берба и да го дегустираат младото вино од 2013-та. Пред министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, бизнис заедницата и останатите почитувачи на виното, винарската визба „Тиквеш“ ги претстави вината произведени од новата реколта на грозје. Целта на Фестивалот на младо вино, кој годинава се одржува по четврти пат, е да се оцени потенцијалот на младите вина, но и да се подигне винската култура во земјава. „Организирањето на вакви манифестации претставува вистинска можност за производителите и преработувачите на винско грозје да се соберат на едно место, а љубителите на добро вино имаат исклучителна можност да ги пробаат новите вина на ВВ Тиквеш. Оваа година беше многу добра за винската индустрија, бидејќи до четвртти февруари ги исполнивме квотите за извоз во Европската Унија, а се надевам дека и оваа година со новите вина ќе постигнеме уште подобри резултати“ – истакна министерот Димовски. Соопштение
Дата на објава: 16 Ноември 2013Во интерес на вистината сакаме да ја информираме јавноста дека компанијата Еко Оранжерии Анска Река не ја говори вистината. Еко Оранжерии Анска Река се обидува да ја манипулира јавноста мислејки дека така ќе се затскрие нивната одговорност и вина. Документот што е лиферуван денеска во јавноста не се однесува на затруените краставици во кои е лоциран пестицид, што впрочем и инспекциските служби во Хрватска го утврдија како непобитен факт. Тоа се однесува на друга контрола на краставици, произведени од нив и кои моментално се наоѓале во оранжеријата, а не на оние кои веќе биле извезени во Република Хрватска и за кои воопшто не е побарано сертификат за квалитет на производи ниту од Државниот инспекторат за земјоделство, ниту од Агенцијата за храна и ветеринарство. Сето ова претставува потврда на нивното непрофесионално и неодговорно работење, но и несериозен однос кон јаноста и потрошувачите. Одржан седмиот состанок на министрите за земјоделство и рурален развој во Југоисточна Европа
Дата на објава: 15 Ноември 2013Државниот секретар во министерството за земјоделство, на Р. Македонија, Бесир Јашари, денес, во Копаоник, Република Србија се обрати на седмиот годишен работен состанок на министрите за земјоделство на Југоисточна Европа. Состанокот го отвори и го водеше државниот секретар во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија – Данило Голубовиќ, кој претседаваше со состанокот наместо министерот Гламочиќ, кој поради повреда на вратот, во последен момент мораше да го откаже учеството. Голубовиќ го презема и претседавањето со SWG од својот косовски колега, министерот Блеранд Ставилеци. Ј А В Е Н П О В И К
Дата на објава: 15 Ноември 2013Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 25-б од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 и 106/13), по Одлуката бр.22-20675/1 од 12.11.2013 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува
Ј а в е н П О В И К за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари
Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за сите катастарските општини во регионите:
Јавен повик бр.01/13 за Кавадарци, Кичево, Гостивар, Македонски Брод и Демир Хисар. Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Ј А В Е Н П О В И К
Дата на објава: 15 Ноември 2013Влада на Република Македонија Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Врз основа на член 25-б од Законот за земјоделското земјиште („Службен весник на Република Македонија“ бр.135/07, 18/11, 148/11, 95/12, 79/13, 87/13 и 106/13), по Одлуката бр.22-20675/1 од 12.11.2013 година Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, објавува
Ј а в е н П О В И К за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост над 10 хектари
Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за сите катастарските општини во регионите
Јавен повик бр.07/13 за Кавадарци, Кичево, Гостивар, Македонски Брод и Демир Хисар. Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: Додаток за превземање: |