Новости

Продолжува субвенционирањето на осигурителните полиси и агрохемиски анализи во земјоделството.
Дата на објава: 
9 Март 2010

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и оваа година ќе ги субвенционира осигурувањето на примарното земјоделско производство од основни ризици и вршењето на педолошки и на агрохемиски анализи на почвата. Со  35 милиони денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2010 година, државата ќе покрива 60 проценти од вредноста на полисата за осигурување.


Министерот Димовски во обиколка на Охридското крајбрежје
Дата на објава: 
4 Март 2010

Во рамките на активностите на координативното тело на Владата за справување со последиците од поплави министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска беше во посета на крајбрежниот појас на Охритско Езеро и локациите во Пештани,Радожда и Калиште.Министерот Димовски истакна дека состојбата со нивото на Охридското Езеро е под контрола, односно дека не се очекува да дојде до натамошно покачување на водостојот.

 


Министерот Димовски во посета на полошкиот регион
Дата на објава: 
3 Март 2010
Rabotilnica i Gostivar rabota na teren 013.jpg

Нема опасност од излевање на Вардар во Полошко и состојбата се следи деноноќно, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупо Димовски при посетата на селата Мало Турчане, Гостиварско, и Ротинци, Тетовско.

 

Делегацијата составена од членови на Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи и Министерството за транспорт и врски ги посети местата каде Вардар директно се заканува со поплавување.

 

- Ситуацијата е стабилна. Водостојот на реката е со зголемено ниво, но не е во фаза за да се прелее во нивите. Можно е заезерување на земјоделските површини поради високото ниво на подземни води. Таа појава ќе биде краткотрајна, рече Димовски.Се следи и состојбата со водотеците од Шар Планина и доколку дојде до зголемен доток ќе се реагира брзо.По стабилизирање на водостоите со Акцискиот план на Министерството за земјоделство се предвидува чистење на каналот од селото Радиовце до Бистрица во должина од 5,5 километри.


Работилница за заштитата на називите на земјоделските производи
Дата на објава: 
3 Март 2010
Rabotilnica i Gostivar rabota na teren 010.jpg

Со вкупно 20 милиони денари министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство годинава ја поддржува заштитата на називите на земјоделските производи. Целта е домашните субјетки да се ориентираат кон заштитата на производството што освен поголема цена, значи и сигурен пласман не само на македонскиот, туку и на надворешните пазари.

 

Ова беше истакнато на денешната работилница во Министерсвото за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Рокот за поднесување барање за ИПАРД средствата продолжен до 17 март
Дата на објава: 
23 Февруари 2010
Donacija Tika 069.jpg

По барање на потенцијалните апликанти, рокот за поднесување барања за средствата од ИПАРД програмата се продолжува за три недели, односно до 17 март, соопшти денеска заменик - министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Перица Иваноски.


Syndicate content