|
Електронска евиденција во тутунопроизводството за помалку малверзации
Дата на објава: 24 Февруари 2014Откупени се 27,5 милиони килограми тутун или преку 80 отсто од договорените 32 милиона килограми. Просечната цена достигна 154,65 денари за килограм. Како што изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, 209 производители поднеле барања за дополнителна проценка на три тони тутун преку Второстепената комисија, но од нив, над 50 отсто добиле иста, дури и полоша оценка за квалитетот. Моментно, освен преземањето на преостанатите договорени количини, приоритет останува и откупот на тутунот, околу 700 тони, од радовишките производители кои требаше да ги откупи „Томи мид“. - Нема да ги оставиме на цедило тутунарите од Радовишко. „Сокотаб„ и „Алијанса“ се обврзаа дека ќе ги преземат количините, нешто помалку од 700 тони, што останаа. На „Томи мид“ му е одземена лиценцата и поднесени се кривични пријави зашто од вкупно договорените 950 тони откупи само 300, рече министерот Димовски. Според него, годинава откупот е значително поинтензивен, но цената е пониска.
Министерот Димовски на промоција на Водич за македонските вина, наменет за странските пазари
Дата на објава: 16 Февруари 2014Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска промовираше луксузно издание посветено на македонските вина и винарии. Книгата насловена како „Вината од Македонија - краток водич за македонските вина и винарии“ е напишана на аглиски јазик на над 200 илустрирани страници и е наменета за странските трговци и компании, кои се потенцијални купувачи на македонското вино. На почетокот содржи лирски воведен текст, а потоа следуваат осум клучни поглавја посветени на историјата на виното, традицијата и обичаите, винската култура и производството, како и врстите грозје кои успеваат на територијата на Македонија во 16-те виногорја. Во книгата е сместен и регистар на 83 винарии во земјава. - Книгата е документ, во кој меѓу другото е запишана историјата на производството на вино во Македонија, карактеристичните сорти вино, регионите каде што се одгледува и регистарот на винарски подруми, за кои немаше соодветни податоци, истакна министерот Љупчо Димовски, нагласувајќи дека ќе биде дополнителна афирмација на нашето производство на вино.
Македонија и Хрватска ја продлабочуваат соработката во земјоделството
Дата на објава: 15 Февруари 2014Македонија и Хрватска ќе договорат приоритети во областа на земјоделството кои ќе бидат содржани во меморандум со кој и формално ќе биде потврдена досегашната плодна соработка, оценија денеска на средба во Скопје министрите на двете земји, Љупчо Димовски и Тихомир Јаковина.
Македонија во својот евроитеграциски процес ќе ги користи искуствата во овој сектор од Хрватска како полноправна членка на Европската унија.
- За Република Македонија е особено значајна можноста за понатамошна соработка во делот на искористување на претпристапните фондови (ИПА) и искуствата на Хрватска во спроведувањето на мерката за техничка помош, акредитација на мерките рурален развој и Лидер како и улогата на советодавните служби во спроведување на ИПАРД, истакна министерот Димовски.
На средбата тие разговараа и за фитосанитарната политика, за водоснабдувањето и ефикасен систем за наводнување земјоделски површини, за кое министерот Димовски рече дека драгоцени ќе бидат искуствата на Хрватска при формирањето на претпријатието „Хрватски води“.
Министерот Димовски и министерот Јаковина на закројување на лозјата во Тиквешко
Дата на објава: 14 Февруари 2014Со закројувањето на лозјата во Лепово, Тиквешко, министерот Димовски и хрватскиот министер Јаковина го означија почетокот на новата винска година.
- Лозарството и винарството, стануваат едни од стратегиските сектори на македонското земјоделство. Од тие причини се посветува се поголемо внимание за нивен развој.Задоволен сум од трудот во изминатите четири до пет години за консолидирање на ситуацијата во лозарството. Минатата година од винарските визби се откупени 168.000 тони винско грозје и дополнителни 25.000 тони произлегоа од винариите. Како никогаш досега имаме над 190.000 тони грозје во домашните капацитети, а многу мал дел беше извезен што е добро, истакна министерот Димовски.
Освен количините за извоз, се зголемува и цената на македонското вино. Драстично е зголемен, како што рече министерот, и пласманот на флаширано вино, преку 17 милиони литри годишно или дневно над 60.000 шишиња што е показател за квалитетот и атрактивноста на странските пазари.
Интервју на министерот Димовски за Економски.мк
Дата на објава: 13 Февруари 2014Eкономски.мк: Рамковната конвенција за контрола на тутунот, која е усвоена од Светската здравствена организација препорачува намалување на површините со тутун. Земјава не е обврзана да го прави тоа, но и останате земји, и покрај тоа што не се обрзани ги намалуваат површините. Дали тутунарите се безбедни дека и натаму ќе имаат работа и егзистенција за своите семејства?
Љупчо Димовски: Владата и министерството за земјоделство остануваат на ставот дека ќе се задржи производството на ориентален тутун и нема да има намалување на површините на кои се произведува тутун. На производството на тутунот, како идустриско-земјоделска култура, Владата посветува особено внимание од повеќе аспекти, социјален, економски и финансиски. Истовремено, што е особено битно, во производството на ориенталниот ситнолистен тутун се вклучени околу 40.000 семејства, или 180.000 производители што е 18,6% од вкупната работна сила во РМ, за кои тутуно производството претставува единствена егзистенција.
|
|
|