Министерот Димовски на Основачкото собрание на Македонската Национална Асоцијација на Винарии
Дата на објава: 
10 Март 2014
P3100040.JPG

Министерот за земјоделство, Љупчо Димовски, присуствуваше на Основачкото собрание на Македонската Национална Асоцијација на Винарии.
Во своето воведно обраќање пред присутните претставници од винарските визби, министерот Димовски истакна дека бројките и резултатите од последниве неколку години за остварувањата во областа на винарството се соодветен показател првенствено за вашата успешна работа, но и за напорите кои министерството за земјоделство и Владата на Република Македонија во целина, ги вложуваат во развојот на оваа гранка.


Министерот Димовски за Емагазин
Дата на објава: 
1 Март 2014
11.jpg

1.Субвенциите кои што се исплаќаат за земјоделството растат од година во година. Кои се досегашните ефекти од оваа владина политика. Колку се зголеми количината и квалитетот на земјоделските производи?

Генералните движења во земјоделскиот сектор во последните шест години беа во насока на прекинување или ублажување на негативните тенденции на намалување на физичкиот обем на производство кои беа резултат на непостоењето на одржлива земјоделска политика до пред 2007 година, и постепено придвижување кон позитивни трендови на пораст кои се поизразени кај подсекторите со компаративни предности.
Во последните години со зголемување на поддршката и инвестирањето од страна на државата, во македонскиот земјоделски сектор се запрени трендот на пад на производството кај најголем дел од земјоделските подсектори, а добар дел од нив постепено ја зголемуваат својата конкурентност и привлечност за влегување на нови субјекти, но и напуштање на секторот на субјекти кои во него се наоѓаа од шпекулативни намери.


Инвеститор од Дубаи гради откупно дистрибутивен центар во Ресен, сто нови вработувања
Дата на објава: 
28 Февруари 2014
otkupen centar resen.jpg

Во индустриската зона Макази во близина на Ресен денеска почна изградбата на комплекс за складирање и преработка на јаболка, инвестиција на фирмата Apple Land од Дубаи во износ од пет милиони евра.

На поставувањето камен темелник присуствуваа премиерот Никола Груевски, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ључо Димовски, директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, градоначалникот на Ресен, Ѓоко Стрезовски и претставници од компанијата Apple Land.

Комплексот, според претставникот на Apple Land, Франсис Турно, ќе се гради во три фази. Во првата фаза ќе биде опфатена изградба на ладилник со капацитет од пет тони јаболко. Комплексот треба да биде ставен во функција до септември.

- Врз основа на резултатите од првата фаза, ќе продолжи изградбата на целиот комплекс, кој треба да собере десет тони јаболка и да се вработат околу 100 луѓе, рече Турно.

Со откупот на јаболката од локалните производители, како што истакна, оваа инвестиција нема да биде корисна само за нив, туку ќе биде од големо значење и за локалното земјоделство, но и за Република Македонија.


Реакција на министерството за земјоделство на прес конференцијата на СДСМ
Дата на објава: 
27 Февруари 2014

Денеска  после цели 4 месеци СДСМ повторно промовираше мерки со кои наводно ќе го развиваат земјоделството.

Земјата е веќе кај вистинските земјоделци бидејќи во последниве 6 години оваа Влада распредели 60.000 ха на 7.700 земјоделски стопанства за разлика од СДСМ кои распределија 100.000 ха на 411 газди. Ги прашуваме  СДСМ дали овие газди - земјопоседници за нив се вистинските земјоделци на кои планираат да им обезбедат достоинствен живот со нивните памфлет политики.

Воедно ги прашуваме како обичниот земјоделец за кој што тврдат дека е на работ на егзистенција може да си дозволи задолжително да вработи земјоделски инженер и други вработени како што предлагаат.

Дали преку денес понудената распределба на земјоделското земјиште преку општините исчезнаа ветувањата за 10 милиони евра годишно за инвестициите во системите за наводнување?


Министерот Димовски на отварање на лабораторија за испитување на квалитетот на пченицата и брашното
Дата на објава: 
26 Февруари 2014
 млин.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски во компанијата „Мак Млин“ во Чешиново денеска ja пушти во употреба лабораторија за испитување на квалитетот на пченицата и брашното, прва од ваков вид во Источна Македонија.
- Лабораторијата е резултат на мерката „Инвестиции за преработка и маркетинг на земјоделски производи“ од Програмата за рурален развој во 2013 година. Во неа ќе се врши анализа на пченицата и брашното по сите параметри со што ќе се зголеми квалитетот на готовиот производ. Опремата е од реномираната германска фирма Брабендер, истакна министерот Димовски.
Тој додаде дека останува лабораторијата да добие акредитација и да стане единствената овластена лабораторија во Источна Македонија, која ќе им ги стави на располагање своите услуги на фирмите од регионот.
Сопственикот на „Мак Млин“, Николчо Ѓоргиев информира дека се работи за инвестиција од 170 илјади евра од кои 50 илјади  евра се кофинансирани од Програмата за рурален развој.


Syndicate content