Дата на објава:
11 Март 2011Директни плаќања за сточарско производство за годинава изнесуваат околу 2 милијарди денари.Фармерите кои одгледуваат говеда ќе добиваат по 2.700 денари по грло субвенција.Субвенцијата се пресметува скалесто. За одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари по грло,а за набавка на високостелни јуници со познато потекло и висок генетски потенцијал по 40 илјади денари по грло.
Земјоделските стопанства одгледувачи на овци кои поседуваат минимум 30 грла овци од сите категории на овци висината на директните плаќања изнесува 950 денари по грло. Набавени машки приплодни грла оригинали и репродуктори во период јануари– септември 2011 година ќе се субвенционира со максимален износ до 15.000 денари по грло оригинали и 5.000 денари по грло репродуктори.