Дата на објава:
23 Јули 2014Поради невремето кое се случи вчера во Ресен, заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски изврши посета на терен и заедно со градоначалникот на општина Ресен, Ѓоко Стрезовски направија увид на површините погодени од невремето. По извршениот увид заменикот министер Костадиновски и градоначалникот, Стрезовски одржаа состанок со земјоделците чии површини беа зафатени од невремето.
Со цел да им се помогне на оштетените земјоделци, градоначалникот на општина Ресен формираше пет комисии за процена на штета, чие задолжение ќе биде во најкус можен рок да извршат посета кај оштетените земјоделци и да констатираат за колкави штети станува збор.