Зголемен откуп на пченицата во однос на истиот период лани
Дата на објава: 
13 Август 2014
images.jpg

Според последните обработени податоци од подрачните единици на министерството за земјоделство до 31.07.2014, oжнеани се околу 82.210 хектари или 87 % од жетвените површини.

Остварениот просечен принос достигнува до 3,5 т/ха и доколку се задржи овој просечен принос, се очекува производство од 330.000 тони што претставува зголемување за околу 20% или 53.000 тони во споредба со минатата година.

До почетокот на август, откупени се околу 75.000 тони пченица или 66 % од вкупните лански количества. Ова претставува зголемување за околу 6% во споредба со истиот период минатата година, кога биле откупени 70.000 тони.

Според земјоделскиот информативен систем на министерството за земјоделство и доставените податоци од откупувачите на пченица,просечна  откупна цена на меркантилната пченица од  реколтата за  2014 година за месец јули изнесува 10,74 денари за килограм.

Лани беа ожнеани 93.646 ха од кои е остварено производство од 280.929 тони со просечен принос од околу 3 т/ха.


Инвестиции во објекти и системите за наводнување на земјоделски површини
Дата на објава: 
11 Август 2014
A3CCCBB8EBF1D0AE68E71D4E16E59ABE.jpg

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство годинава ќе инвестира околу 9 милиони евра во капитални објекти во областа на водостопанството и во системите за наводнување и одводнување. Продолжува  чистењето на примарната каналска мрежа,а се планираат и законски измени кои ќе овозможат подобро управување со системите.


Прва средба на министерот Цветков со поголемите винарските визби
Дата на објава: 
8 Август 2014
vinarii.jpg

На првата средба со министерот Михаил Цветков, поголем дел од  винарските визби информираа дека се подготвени за откуп на винското грозје, но дека се уште е рано да се зборува за откупните цени поради нестабилните временски услови кои до бербата можат да ја променат состојбата со количините и со квалитетот на грозјето.

Според нив, оваа ќе биде тешка година и за лозарите и за винариите поради намалениот квалитет на грозјето, на количествата, но и на конкуренцијата која доаѓа од ефтиното шпанско вино.Министерот Цветков посочи дека треба заеднички да се најдат оптималните решенија кои ќе одговараат и на производителите и на преработувачите.


Средба на министерот Цветков со лозари од тиквешкиот регион
Дата на објава: 
6 Август 2014
P8060165.JPG

Поради неповолните климатски услови годинава родот на грозјето ќе биде преполовен и очекуваме откупните цени да бидат поголеми од лани, истакнаа претставниците на здружението „ Агротиквешија“ на средбата со министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

 

Поради високите трошоци за заштита на насадите и помалиот род цена од 13 денари за килограм за смедеревката и 15 за вранецот  би била реална сметаат лозарите.

 

Министерот Цветков посочи дека и оваа година во рамките на своите надлежности министерството ќе се вклучува во подршката на овој сектор и во отстранувањето на сите можни тешкоти со кои се соочуваат лозарите и винариите.Законот за винарство ќе мора да се почитува, односно винариите доколку сакаат да се вклучат во откупот несмеат да имаат долгови кон лозарите.

 

Винарарските визби должници веќе го намалуваат долгот што дава оптимистички проценки дека стартот на откупот треба да биде на задоволство на двете страни.

 


Посета на министерот Цветков на Ресен
Дата на објава: 
24 Јули 2014

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков при денешната посета на Ресен констатира дека штетите направени од невремето што го зафати овој регион се големи и Владата ќе настојува да помогне.

Со временските непогоди, рече, не можеме да се справиме, но затоа мораме да се прилагодуваме кон климатските промени.

- Владата нуди големи поволности во делот на аграрот. Вие, како овоштари, треба да размислувате преку цела година, а не само кога ќе се случат вакви непогоди, кога јаболкото тешко ќе се продава. Ние стоиме на располагање да се разговара за секој проблем да најдеме решение. Нудиме субвенции за осигурување на родот. Тука се средствата на ИПАРД програмата, големи средства кои ако не се искористат пропаѓаат, истакна министерот Цветков.


Syndicate content