Лозарите и винарите ги договорија откупните цени за грозјето
Дата на објава: 
30 Август 2014
jpg

Лозарите и винарите се договорија за минималните откупните цени на грозјето. За смедеревка со најмалку 17 шеќерни единици цената треба да биде  11 денари и 13 денари за вранец со 19 шеќерни едници на откупен пункт.

Ова беше договорено на состанокот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков со претставници на лозарските здруженија и винарските визби во Кавадарци.

И лозарите и винарите се согласни дека овие цени се најкоректни поради лошата сезона за грозјето годинава што ќе предизвика намалување на родот за 30 до 50 отсто. И винарските визби се соочуваат со проблеми поради намалувањето на цената на виното на светскиот пазар заради големата конкуренција од шпанските вина.

За другите сорти винско грозје откупните цени ќе се одредат според квалитетот.


Дополнителни 3.000 денари за хектар пченица ќе добијат малите фармери
Дата на објава: 
27 Август 2014
 Цветков.jpg

Дополнителни 3.000 денари за хектар или околу еден денар за килограм пченица ќе добијат земјоделците кои обработуваат до 10 хектари површина, соопшти денеска ресорниот министер Михаил Цветков.

Поддршката се воведува за да им се помогне на малите фармери кои имаат најголеми прoизводни трошоци, но и за да се постигне повисока откупна цена, до 12 денари за килограм.

- Според проценките, дополнителни 3.000 денари треба да добијат 22.600 земјоделци или 90 отсто од вкупниот број производители на лебно жито. Целта е да им помогнеме и натаму да произведуваат пченица зашто оваа култура за нас е стратегиска, истакна Цветков на прес-конференција.

Од засеаните 95.000 хектари со пченица годинава, досега се ожнеани 93.000. Просечниот принос е 3,5 тони на хектар, а се очекува производство од 330.000 тони. Откупени се 87.000 тони по просечна цена од 11 денари за килограм. До крајот на годината се очекува откуп на 110.000 тони или 80 проценти од родот.

Како што истакна Цветков, квалитетот на реколтата е просечен.


Напредок во изработката на почвена мапа на Република Македонија
Дата на објава: 
21 Август 2014
P8210214.JPG

 

По извршените теренски наоди и истражувања и лабораториските анализи на собраните почвени профили во моментов се работи на комплетирање на процесот на дигитализација на Проектот „Македонски почвен информациски систем“. Очекуваме сите предвидени активности да завршат во определениот рок до јуни 2015 година, информираа на денешниот состанок со министерот Михаил Цветков, експертите од  Факултетот за земјоделски науки и храна и Земјоделскиот институт кои работат на реализацијата на овој Проект.

Проектот „Македонски почвен информациски систем“ во вредност од 340 000 долари се спроведува со поддршка од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите Нации – ФАО. Во проектот  учествуваат и Македонската Академија на науките и уметностите, Факултетот за шумарство и Природно-математичкиот факултет во координација со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.


Зачувување на охридската пастрмка што е бренд за Македонија, ќе биде еден од приоритетите на Министерството за земјоделство, шум
Дата на објава: 
17 Август 2014
Minister.jpg

 

Како што најави денеска ресорниот министер Михаил Цветков, по посета на риболовниот пункт на концесионерот на Охридското Езеро „Пастрмка 2012“ ќе бидат разгледани риболовните основи за зачувување и зголемување на рибниот фонд во езерата.

- Постојано слушаме дека охридската пастрмка, која е бренд за Македонија ја нема како порано. Со концесионерот разговаравме како да ја вратиме повторно во Охридското Езеро, што можеме ние како држава и Министерство да помогнеме и да направиме, изјави Цветков.

На средбата со претставник на концесионерот „Пастрмка 2012“, министерот беше информиран и за начинот на работа како и проблемите со кои се соочува.Дозволените количества за улов, смета концесионерот, не се реалнии не соодветствуваат со фактичката состојба на риба во Охридското Езеро.

Во насока на подобрување на состојбите ресорниот министер Цветков најави средба со сите концесионери и релевантни институции.


Средба на министерот Цветков со претставници на лозари и винарски визби
Дата на објава: 
14 Август 2014
EA6CCB064624EB79D19F6E33DEECA996.jpg

Владата и министерството за земјоделство ќе направат максимални напори за да се најде оптимално решение за проблемите  со кои во моментов се соочуваат и лозарите и винарските визби истакна министерот Цветков на средбата со нивните претставници.

Министерот Цветков од страна на лозарите беше информиран дека родот е преполовен и дека ќе бидат потребни сончеви денови за да се санира состојбата и да се подобри квалитетот на грозјето. Количествата што останаа можеби ќе бидат со врвен квалитет, а тоа ќе го покаже бербата. Сортата „Вранец“ според нив ќе биде дефицитарна, позастапени ќе бидат белите сорти, но и кај нив има оштетувања. Остануваме на ставот посочија од здружението на лозари „Агротиквешија“ дека за откупната цената мора да се бара соодветно решение особено што годинава трошоците беа енормни, дури три пати поголеми од лани.

Производителите бараат цените да се зголемат за два денара, а визбите да се задржат минатогодишните.


Syndicate content