- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Земјоделците и мелничарите побараа воведување на мерки за заштита на пазарот со пченица и брашноDate of publication: 5 June 2012Заштита на домашниот пазар со пченица и брашно побараа членовите на постојаната потсекторска работна група за жито и ориз на денешниот состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Како што посточија тие воведувањето на мерки за стабилизирање на пазарот, во прев ред пред почетокот на новата жетвена сезона треба да се направи во најкус можен рок со цел да се стабилизира дисбалансот на понудата и побарувачката на пченица и брашно на домашниот пазар предизвикан од увозот на ефтино брашно, но и заради регулирање на понудата и побарувачката на жито од новата реколта.
На денешниот состанок, земјоделците, млинарите и пекарите предложија мерка за задолжително воведување на бандероли за произведеното брашно. Како што истакнаа тие на ваков начин ќе се воведе поголема контрола на производството, ќе се елиминира можноста за нелегална трговија со што ќе се заштити целиот синџир на производство од овој сектор - од примарното производство до пекарската индустрија. -Заштитата на домашниот пазар со пченица и брашно и оваа година е приоритет за нас и затоа сега пред стартот на жетвата најавувам дека во наредните денови инспекциските органи ќе спроведат ригорозни контроли на увозот и прометот со пченица и брашно. Ќе се засилат контролите на граничните премини, но и на компаниите кои увезуваат пченица и брашно се со цел да се спречи увоз на брашно и пченица кој не ги исполнува стандардите за квалитет и безбедност – рече министерот Димовски.
На состанокот, членовите на потсекторската група за жито и ориз иницираа разгледување на можноста и мелничко-пекарската индустрија да биде опфатена со ИПАРД Програмата и мерките за модернизација на земјоделството која таа ги нуди, со цел како што потенцираа тие и овој за македонската економија важен сектор да се модернизира. Претставниците на Министерството посочија дека се прават напори со идните модификации на ИПАРД Програмата и мелничко – пекарската индустрија да добие можност за поддршка и модернизација преку фондовите на Европската унија за предпристапна помош |