- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Јавен повик бр.03/12Date of publication: 29 May 2012Ј а в е н П О В И К бр. 03/12 за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост до 10 хектари
I. ПРЕДМЕТ НА јавниот ПОВИК Се објавува јавен повик за доставување на понуди за давање во закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост за подигнати долгогодишни насади за времетраење од 30 (триесет) години за следните катастарски општини:
Регион Неготино, катастарски општини: Липа, Дрен, Вешје, Криволак, Челевец, Бистренци, Долни Дисан и Горни Дисан Регион Кавадарци, катастарски општини: Сопот и Рибарци Регион Радовиш, катастарски општина: Скоруша Регион Гевгелија, катастарски општина: Селемли Регион Битола, катастарски општина: Долно Српци Регион Струга, катастарски општина: Враниште Регион Струмица, катастарски општина: Градашорци Регион Делчево, катастарски општини: Стамер и Стар Истевник
Предмет на постапката од дел I тав 2 на овој јавен повик може да биде само слободно земјоделско земјиште во државна сопственост врз кое нема востановено право на закуп, право на плодоуживање, за кое не се води постапка за денационализација или постојат други пречки за доделување на земјиштето во закуп Максималната површина на кој може да аплицира и да добие еден понудувач по овој јавен повик во однос на понудените катастарски парцели е 10 хектари. Времетраењето на закупот за кој се издава земјиштето е: - за подигнати долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмељ) за период до 30 години; Додаток за превземање: |