- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Tрибина за безбедноста на хранатаDate of publication: 12 November 2009Доследно да се применува ХАЦЦП системот од страна на операторите за производство на храна, како и да се размислува за воведување интегриран систем за безбедност на храната. Ова беше зедничка констатација на учесниците на трибината за подобрување на безбедноста на храната што се одржа на Скопскиот саем во рамки на 59. Меѓународен саем на храна, пијалоци и стока за широка потрошувачка „Агрофуд 2009“.
Новиот концепт и барањата на Европската унија укажуваат на потребата од подобрување на соработката и координирање на институциите, како и вклучување на сите други релевантни институции во еден интегриран систем на безбедност на храната. Според државниот секретар во
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Бесир Јашари, големо внимание треба да се посвети и на информираноста и свесноста за обврските кои ќе следуваат со усвојувањето на законодавството на ЕУ во делот на безбедноста на храна, како и на обврската за акредитацијата на лабораториите за испитување на мострите од земената храна при извршените контроли.
За директорот на Управата за ветеринарство Дејан Рунтевски, време е да се почне да се размислува за формирање едноагенциски систем со кој би се постигнала поголема транспарентност во работењето, соодветна транспозиција на европското законодство, намалување на административните процедури и на трошоците за операторите со храна, како и подобро искористување и координација на човечките ресурси. |