- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Преку конкретни маркетиншки планови до зголемен, координиран извоз на овошје, зеленчук и нивни преработкиDate of publication: 17 May 2012АгБиз Програмата на УСАИД и министерствата за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство во партнерство со Агенцијата за странски инвестиции и поддршка на извозот иницираа изготвување заеднички пристап и стратегија за поголема промоција и извоз на свежо овошје, зеленчук и нивни преработки. Како што беше речено на денешната конференција, идејата е преку конкретни маркетинг планови да се одберат и селектираат пазари на кои македонското овошје и зеленчук би имале конкурентска предност, да се направат чекори за подобрување на конзистентноста на квалитетот и финализацијата на производите со цел домашните компании подобро да одговорат на се поголемите притисоци на пазарите на кои борбата е немилосрдна. Тоа ќе ги направи македонските производи препознатливи, што е од суштинско значење. Преработките од овошје и зеленчук заедно со тутунот и виното се најзначајни македонски земјоделски извозни продукти. - Заштитата и подобрувањето на квалитетот и поддршката на организирана промоција и маркетинг на конкурентното земјоделско производство на традиционалните и особено на нови алтернативни пазари е еден од нашите врвни приоритети. За таа цел, во Програмата за финансиска поддршка, покрај субвенциите за овошје и зеленчук кои годинава и дополнително ги зголемивме, предвидуваме 1,5 и 2,5 денари за предадено градинарско производство во преработувачки капацитет, два денара за овошје предадено во преработувачки капацитет, како и повисока поддршка за употреба на сертифициран семенски и саден материјал и воведување стандарди за квалитет, напомена заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски. Преку Порграмата за рурален развој секоја година се одвојуваат неколку милиони евра за модернизација на земјоделските стопанства. Од оваа, пак, рече Коњановски, почнува и новиот концепт за здружување на производителите во задруги. - Интензивната изградба на капацитети за калибрирање и соодветно складирање и чување на свежите производи како совемени откупно-дистрибутивни центри е моментот што дополнително го работиме и кој дава конкретни резултати. По влезот на „Агрокор“ почна изгрдабата на неколку помали откупно-дистрибутивни центри во василево, Богданци, Врапчиште, Облешево, Штип,... Во оваа насока Владата определи и нови 12 атрактивни локации во општините Босилово, Струмица, Василево, Могила, Кавадарци, Лозово, Карбинци, Градско, Илинден, Пехчево и Ресен, истакна Коњановски. Завршува, додаде, и проектот за расаднички центар за сертифициран семенски и саден материјал кој во соработка со партнери од Израел се реализира во Свети Николе. Според него, благодарение на владините мерки трговската размена со земјоделско-прехранбените производи постојано расте. - Ако во 2010 година го зголемивме извозот за 66 милиони евра во однос на 2009 достигнувајќи рекордни 424 милиони евра, лани оваа бројка е надмината со дополнително зголемување на извозот за 10 проценти и вкупно евидентирани 469 милиони евра со истовремено, драстично намалување на трговскиот дефицит, посочи заменик министерот. Извозот на свежо, замрзнато и сушено овошје и зеленчук исто така бележи постојан пораст. Од 18,5 милиони долари извоз во 2001 година и учество во вкупниот извоз на земјоделски производи од 8,8 отсто, извозот во 2011 година изнесува 151,6 милиони долари, а учеството во вкупниот извоз на земјоделски производи 24,2 проценти. Истовремено се зголемува и извозот на преработките од овошје и зеленчук, од 11,6 милиони долари во 2001 на 45,4 милиони во 2011. На состанокот беше констатирано дека секторот за преработка на овошје и зеленчук има потенцијал за натамошен развој во повеќе сегменти особено во зголемување на продажбата на домашниот и на странските пазари и во зголемување на додадената вредност. - Од целиот проект за развој на маркетиншки планови очекуваме изготвување стратешки документи зад кои целосно ќе може да застанат и приватниот сектор и сите релевантни институции, но и кои ќе бидат дел од идните програмски активности за поддршка на извозот, изјави Горан Дамовски, директор на АгБиз Програмата на УСАИД |