Министерот Димовски го посети современиот Центар за производство на семенски и саден материјал во Израел

Дата на објава: 
16 Мај 2012
 2.jpg

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска, во рамки на работната посета на Израел, со претставници од Министерството за земјододелство, шумарство и водостопанство го посети целосно компјутеризираниот Центар за производство на семе и саден материјал, сопственост на Исак Либтех. Тој во нашата земја, во Свети Николе, инвестира во изградба на ист современ центар за производство на сертифициран семенски и саден материјал, кој треба да функционира по теркот на неколкуте кои работат во Израел и каде со наjсовремена технологија се произведуваат хибриди од садници и семенски материјал со висок генетски потенцијал.

 

Министерот Димовски изрази воодушевување од функционирањето на Центарот и од можноста која им се нуди на земјоделците од Израел во делот на квалитативното зголемување на производството преку употреба на семенски и саден материјал кој одговара на климатските и почвените услови во регионите каде тие произведуваат.

 

-Привршуваат подготовките за изградба на расадничарскиот центар во Свети Николе  за прозиводство на сертифициран семенски и саден материјал. Гјора Теслер, експерт од Центарот за меѓународна соработка на Израел – МАШАВ, од неодамна е во Република Македонија и со претставници од министреството за земјоделство, шумарство и водостопанство веќе работат на терен. Одржани се неколку работни состаноци со претставници на земјоделските здруженија од Свети Николе кои изразија подготвеност да се вклучат во реализацијата на проектот за изградба на расадничарски центар во Свети Николе. Според планираното, преку мали, демонстративно показни фарми, во нашата земја ќе се врши трансфер на знаење и технологија во делот на производство на сертифициран семенски и саден материјал и во другите региони во Република Македонија,, - истакна министерот Димовски по посетата на Центарот.

 

За изградба на современиот расадничарски центар во Свети Николе, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на инвеститорот му обезбеди земјоделско земјиште, а Општина Свети Николе и Министерството за транспорт и врски ќе обезбедат инфраструктура ( струја, вода, пат) до локацијата каде наскоро ќе почне изградбата на Центарот. Министреството за земјоделство преку Секторот за земјоделство, Управата за семе и саден материјал, подрачните единици, Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството и претставници на македонско израелската компанија ,,Агриленд,, според планираното ќе вршат едукација на производителите.

 

Центрите за производство на саден материјал по извршената продажба на садниот материјал на земјоделците ќе им обезбедуваат советодавани услуги во делот на одгледувањето.

Изградбата на современиот расадничарски центар која треба да почне наскоро, претставува дел од стратегијата на Владата на Репулика Македонија за привлекување на потенцијални инвеститори за изградба на центри за производство на саден материјал – расад, со што, според министерот Димовски, позитивно ќе се влијае на земјоделските производители да почнат да ги менуваат навиките и место меркантилно семе да користат сертифициран семеснки и саден материјал кој е услов за поголем и поквалитетен род, но ќе бидат и основа за окрупнување на расадничкото производство во Република Македонија.