- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Средба на министерот за земјоделство Димовски со министерот за енергија и водни ресурси на ИзраелDate of publication: 16 May 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски во рамки на работната посета на Израел се сретна со министерот за енергија и водни ресурси, д-р Узи Ландау. На средбата се разговараше за соработката мегу Р. Македонија и Израел во областа на рационално искористување на водите, со оглед на тоа што во Р.Македонија има вода но треба да се научи како штедливо и мудро да ја користи. Поради климатските промени некои региони во Македонија сериозно се погодени и се јавува недостиг на вода во летните сезони. Поради тоа Македонија треба да научи од Изреал како да ја штеди водата. Во овие региони на пролет има силни и обилни дождови и водата од овие дождови треба да се сочува и користи во сушните периоди. Интересно е што министерството за енергија и водни ресурси, има направено калулатор кој им се дава на земјоделците. Израел е поделен на шест региони според климатските услови. па во тој калкулатор се внесува регионот каде е фармата, типот на кулурата која се одгледува (тие се поделени во три групи) и на крај се добива колку земјоделецот секој ден треба да користи вода за наводнување. Во пустинскиот дел потребно е наводнување 12 месеци а во останатиот само 8. Министерот Узи Ландау го покани мнистерот Димовски повторно да дојде во Израел но овој пат да се разговара за сериозна соработка во областа на водите и наводнувањето. Двајцата министри изразија заедничко уверување за продолжување на соработката и повторна средба. Исто така министерот Димовски оствари повеке средби со израелските компании AMIAD Corp која се занимава со системи за филтрирање на вода, METZERPLAS се занимава со системи за наводнување и NAANDANJAIN кои се водечки глобални производители на системи за наводнување и изработка на системи за наводнување и решенија за наводнување според потребите на потрошувачите, како на пример водата од река или езеро да се донесе до полињата и таму да се дефинира каков систем на наводнување е потребен зависно од културата која се одгледува. Овие Компании изразија заинтересираност за работа во Република Македонија преку директно отворање на фирма или преку дилери. |