Риболовна основа за акумулација ,,Тиквеш,,

Дата на објава: 
11 Мај 2012

Риболовната основа за акумулацијата Тиквешко Езеро беше донесена на 09.03.2010 година. Изготвувачот на основата -овластената установа од областа на рибарството ЈНУ Хидробиолоски Завод од Охрид, со нацрт тектот на основата ја запозна јавноста пред нејзиното донесување.

Одделни забелешки од заинтересираните субјекти беа прифатени од изготвувачот и вградени во текстот пред донесување на основата. Во Законот за изменување и дополнување на Законот за рибарство и аквакултура кој се усвои и објави во мај 2010 година, се направи дополна во членот 16 со кој се дефинира риболовните основи да се објавуваат во Службен весник на Република Македонија. Во истиот член е дадена можноста риболовните основи да можат да се ревидираат доколку настанат одредени промени кои може да влијаат на рибите од риболовните води.

 

По настанатите состојби на акумулацијата Тиквеш со поморот на риби во кафезите за одгледување на риби во 2011 година, изработувачот на основата ЈНУ Хидробиолоски Завод од Охрид изврши одредени измени и дополнувања на истата. Цел на овие измени беше избегнување на несакани моменти  по однос на одгледувањето на рибите, квалитетот на влезната вода од Црна Река, како и отпадните  води од туристичката населба.

 

Со оглед на тоа дека пред донесување на риболовната основа и нејзиното објавување во Службен весник на Република Македонија, со содржината на основата треба да се запознае и јавноста, Риболовната основа за риболовната вода акумулација Тивеш ја објавуваме на веб страната на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Вашите забелешки и сугестии може да ги доставите во писмена форма на адреса на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ул Јуриј Гагарин бр. 15 Скопје - за Сектор замјоделство - Одделение за рибарство или на info@mzsv.gov.mk најдоцна 10 дена од објавувањето на основата.

Доколку изработувачот на основата цени дека истите се издржани ке бидат вградени во финалниот текст на основата пред објавувањето во Службен весник на РМ."