- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Агроеколошките мерки нов предизвик за македонското земјоделствоDate of publication: 8 May 2012Нов тип финансиска поддршка за земјоделците кои при производството особено водат сметка за заштита на животната средина, почвата, автохтоните раси, растителните видови, пасиштата, наводнувањето и употребата на ѓубре, подготвува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Стануза збор за таканаречените агроеколошки мерки кои Македонија допрва ќе ги акредитира како дел од ИПАРД програмата. Потребната документација е веќе заокружена, останува повисоките стандарди да се спроведат конкретно, директно на терен. - Со еколошкиот начин на земјоделско производство ќе се заштити животната средина, ќе се зачувуваат природните ресурси, водата, почвата и генетската диверзификација, а на граѓаните ќе им се понуди здрава и еколошка храна, рече министерот Димовски на денешната конференција „Агроеколошки мерки - можности и предизвици на земјите-членки и земјите-кандидати на ЕУ“. Според министерот, агроеколошките мерки се основа за новата „зелена“ аграрна политика. Земјоделците кои добро ги познаваат агроеколошките принципи и нивните придобивки, полесно ќе се одлучат за семејно и традиционално производство. - Агроеколошките мерки не се субвенции, туку финансиска поддршка што ќе ја добиваат земјоделците како надополнување на приходот за спроведување на обврските - еколошки начин на обработка, наводнување, ѓубрење, заштита на растенијата и биодиверзитетот, враќање на традиционалното земјоделство, истакна министерот. Нивното воспоставување ќе почне оваа година преку Програмата за рурален развој. Предвидени се 26 милиони денари за систем за следење и анализа на автохтони видови животни и растенија и создавање генетски ресурси, како и за надомест на трошоци за номадско одгледување на овци, кози и говеда во висина од 80 отсто од просечна месечна бруто плата. До крајот на 2012 се планираи финиширање на Системот за идентификација на земјоделските парцели кој е основа за градење на политиките за развој на вкупното земјоделство, вклучувајќи го и еколошкото. Значаен напредок во делот на законската рамка овозможи проектот „Развој и спроведување на агроеколошки мерки“ во чии рамки беа организирани и информативни средби со земјоделците во осум општини. Агроеколошките мерки се користат доброволно. Може да бидат различни зависно од природните карактеристики на регионот и специфичноста на почвено-климатските услови. Ќе се спроведуваат на национално, регионално или локално ниво. Услов за нивно добивање е земјоделецот да биде регистриран, да располага со вкупна површина од најмалку 0,3 хектари и парцели кои не се помали од 0,1 хектар, добитокот да му биде евидентиран и обележан, да има агроеколошки план и да води задолжиетлна евиденција за сите земјоделски активности. За агроеколошките мерки ЕУ во периодот 2007 - 2013 обезбеди околу 20 милијарди евра, 22 отсто од вкупните трошоци за рурален развој. Воедно ги обврза земјите-членки од буџетот за рурален развој да издвојат најмалку 25 отсто за агроеколошки мерки.
|