Министрите за земјоделство од регионот во Будва договорија интензивирање на сорботката во областа на земјоделството

Дата на објава: 
20 Март 2012
Budva.jpg

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски на покана на неговиот црногорски колега, министерот за земјоделство на Црна Гора Тарзан Милошевиќ, денеска присуствуваше на состанокот на министрите за земјоделство од регионот. На состанокот министрите ги поздрави премиерот на Црна Гора Игор Лукшиќ кој ја потенцира важноста на заедничкиот настап на земјите од регионот на пазарите на Еврпската унија. ,,Наместо да си конкурираат едни на други, земјите од регионот, на европскиот, но и на пазарите кои допрва ќе се отворат, важно е заеднички да настапат,,- рече тој.

 

Министерот Милошевиќ  ја оцени позитивно регионалната соработка која се одвива преку Постојаната работна група за регионален рурален развој СВГ. И министрите за земјоделство од регионот на состанокот уште еднаш како добра ја оценија  регионалната соработка која се реализира преку СВГ, а која и досега многу помогна, пред се во однос на евроинтегративните процеси. Според оценката на министрите, ваквата соработка и поддршка треба да продолжи и во иднина.

 

Од министерот Димовски беше побарано помош и соработка, пред се во делот на подготовката на документите и обука на вработените, за евроинтегративните процеси, особено подготовките за користење на средствата од петатата компнента на ИПА. За една недела во Република Македонија претставник од Министерството за земјоделство на Црна Гора ќе дојде на двонеделна обука во Платежната агенција.

 

Српскиот министер за земјоделство Душан Петровиќ рече дека еден месец по потпишувањето на Договорот за фитосанитарна соработка и Договорот за соработка во областа на безбедноста на храна и ветерината со  нашата земја, на терен веќе се чувствуваат ефектите.

Договорено е вакви договори да Република Македонија да потпише и со Црна Гора и Федерацијата на Босна и Херцеговина.Потпишувањето на овие договори претставува практична реализација на регионалната соработка.

 

Со Хрватскиот помошник министер за земјоделство, ЛукаЧуљак, министерот Димовски договори во областа на земјоделството, воспоставената соработка да продолжи. Ваквата динамика на соработка според министерот Димовски ќе биде потврда и мотив за интензивирање на досегашната успешна и плодна соработка меѓу двете земји. Договорено е во почетокот на април двајца претставници од Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство  да одат на неколкудневна обука во Хрватска за имплемнетитање на Системот за сметководствени податоци на фарма – ФАДН, комплексен систем кој Хрватска успешно го има поставено и реализирано. Обуката ќе се одржи со подршка на ГИЗ и Постојаната рбаотна група за регионален рурален развој.