- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Продолжува успешната соработка помеѓу Македонија и Турција во областа на земјоделствотоDate of publication: 16 March 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со амбасадорот на Р.Турција НЕ Ѓурол Сокменсуер и министерот без ресор г.Хади Незир. На средбата стана збор за соработката во областа на земјоделството со посебен акцент на трговската размена на земјоделски производи помеѓу двете земји.
Министерот Димовски и министерот Незир го информираа амбасадорот дека во текот на минатата недела се сретнаа со претставници на повеќе турски компании меѓу кои и турската компанија Суташ. Претставниците на компаниите земаа примероци од земјоделски производи и изразија задоволство од квалитетот на истите. Турција и Македонија имаат блиска соработка која треба и понатаму да се продлабочува.
Амбасадорот Сокменсуер им се заблагодари на министрите за прекрасните зборови кои ги кажаа за билатералната соработка и побара од министерот Димовски информација за кои земјоделски производи сме подготвени да ги извезуваме и кои количини.
На крај соговорниците изразија увереност дека и натаму ќе продолжи плодната и успешна соработка помеѓу двете земји. |