Димовски и Коњановски се сретнаа со Самостојниот синдикат на индивидуални производители на Македонија

Дата на објава: 
15 Март 2012
P3150008.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заменик министерот Зоран Коњановски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство одржаа работен состанок со претставници на Самостојниот синдикат на индивидуални производители на Македонија. На состанокот претставниците од синдикатот ги изнесоа своите барања, но, во најголемиот дел се дискутираше за состојбата со откупот на оризот. Од состанокот произлегоа неколку заклучоци меѓу кои и: Министерството за земјоделство, заедно со претствници од производителите на ориз и претставници на откупувачите да во најкус можен рок да изработат правилник за откуп на ориз во кој ќе бидат заштитени интересите и на производителите и на откупувачите. Производителите на ориз да користат сертифициран семенски материјал со кој ќе го подобрат и квалитетот и квантитетот на оризот.

 

Министерот Димовски уште еднаш апелираше до земјоделците да се здружат во земјоделски задруги  бидејќи така  ќе ги намалат производствените трошоци и ќе можат организирано да настапат  пред откупувачите и трговците.