Средба на Министерот за земјоделство Љупчо Димовски со амбасадорот на Израел за Македонија НE Давид Коен

Date of publication: 
14 March 2012
Dimovski-Koen.JPG

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со  амбасадорот на Израел за Македонија, БиХ и Албанија НЕ Давид Коен. На средбата стана збор за соработката помеѓу двете земји во областа на земјоделството со Со цел формализирање на веќе добро поставените билатерални односи помеѓу Р.Македонија и Израел, доставен е нацрт-текст од израелска страна за соработка во областа на земјоделството. По усогласување со надлежните институции и усвојување од Владата на Р.Македонија истиот се очекува да биде потпишан во месец Мај за време на посетата на министерот Димовски на Израел која е во рамки на Меѓународниот саемза земјоделство Агритек 2012.

 

Амбасадорот Коен го најави започнувањето на Проектот за селски туризам во струшко-охридскиот регион  во чии рамки ќе започне со обука обезбедена од израелски експерти во регионот на Струга и Охрид, во периодот од 19-28 март. Обуката првенствено е наменета за локалните власти, невладиниот сектор, земјоделските здруженија и заинтересирани индивидуалци, меѓутоа во оваа обука ќе присуствуваат и пет промотори на селски туризам и од Албанија. Покрај оваа обука, планирани се и серија други обуки со цел пренесување на искуството и стекнатото знаење што ќе се развие во струшко-охридскиот регион.

 

Во врска со Проектот за производство на сертифицирано семе и саден материјал во Свети Николе, амбасадорот Коен го извести министерот Димовски дека Проектот ќе започне во средината на месец април, кога се очекува да дојде израелскиот експерт Ѓора Теслер

На крај министерот Димовски изрази благодарност до амбасадорот Коен за подршката која ни ја дава посебно во областа на земјоделството.