Реакција на МЗШВ на соопштението од Агро - совет на СДСМ

Дата на објава: 
10 Март 2012

Доколку некој е потребно да зборува за земјоделството секако дека токму СДСМ за тоа има најмалку право.

 

Токму партијата која потценувачки и крајно понужувачки се однесуваше и се однесува кон поголема категорија на населението, односно кон земјоделците во Република Македонија, денес преку нејзиниот Агро совет, на лицемерен начин и со леснотија изрекува квалификации за земјоделскиот сектор, дели лекции и дава совети и препораки за земјоделската политика.

 

Ги потсетуваме дека за заложбите кон приближувањето кон ЕУ сами за себе говорат макотрпните реформи кои го овозможија правото на користење на европските финансиски средства.

 

Усогласувањето на многуте национални закони и подзаконски акти со европската легислатива, формирањето на новата Агенција за храна и ветеринарство и Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој, како и поставувањето на информатичките системи се само дел од превземените чекори кои токму оваа Влада ги реализира, а за што кај СДСМ постоеше најголем страв и недоверба дека е тоа можно.

 

Ја користиме можноста да ги потсетиме членовите на Агро советот на СДСМ дека еден дел во приближувањето кон Заедничката земјоделска политика на ЕУ претставува и дефинирањето на нациналната македонска аграрна политика преку усогласеноста на Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој кои се наменети на вистинските земјоделци и земјоделски стопанства.

 

Воедно, не случајно ги потсетуваме и на процесот на доделување на преостанатото слободно државно земјоделско земјиште на неколку илјади, до тогаш обесправени, индивидуални земјоделци, проширувањето на вкупната обработлива земјоделска површина, зголемувањето на приносите на земјоделските производи и драстично зголемениот извоз на македонски земјоделски производи.

 

Нешто што за агро експертите во СДСМ претставува незамислива категорија.

 

Со квалификацијата за наводни субвенции во земјоделството, денес лицемерието на СДСМ доби нова димензија со која, како и до сега, само се потврдува нивната некомпетеност и несериозност и воопшто негрижа кон аграрот и кон земјоделците.

 

Самите земјоделци многу добро знаат кој им помага и кој прави се што е во моќта на државата да им ги подобри условите за работа и животот, а кој води гола популистичка политика со лов на ситни дневно политички поени.