Средба на Заменик министерот за земјоделство Перица Иваноски со Стефан Нилсон

Date of publication: 
9 November 2009
IMG_5740ig4.jpg

Размената на информации меѓу Владата и земјоделците и соработката при донесувањето значајни одлуки, особено во периодот кога почнуваат преговорите за членство во ЕУ, според Стефан Нилсен претставникот од Европскиот економски социјален комитет е еден од врвни приоритети.

 

Оваа пракса на соработка како што истакна заменик министерот Иваноски, на средбата со Нилсен, кај нас е веќе воспоставена и во иднина ќе се интензивира.

 

При креирањето на политиките за поддршка и развој Владата секогаш ги земаше предвид забелешките и сугестиите на земјоделците, но, многу е важно, напомена Иваноски, нивниот глас да се слушне и во процесот на преговорите.

 

Во формалната структура за преговои со ЕК што Владата моментно ја подготвува, според искуствата на другите земји, покрај централниот преговарачки тим и широката административна структура, ќе има и структури со советодавна улога.

 

Нилсон сугерира земјоделските здруженија во Македонија да формираат консултативна група која во текот на преговорите со ЕК ќе ги застапува интересите на земјоделците, а за македонската Влада смета дека ја има желбата и капацитетот да ги исполни потребните критериуми.