- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Средба на Заменик министерот за земјоделство Перица Иваноски со Стефан НилсонДата на објава: 9 Ноември 2009Размената на информации меѓу Владата и земјоделците и соработката при донесувањето значајни одлуки, особено во периодот кога почнуваат преговорите за членство во ЕУ, според Стефан Нилсен претставникот од Европскиот економски социјален комитет е еден од врвни приоритети.
Оваа пракса на соработка како што истакна заменик министерот Иваноски, на средбата со Нилсен, кај нас е веќе воспоставена и во иднина ќе се интензивира.
При креирањето на политиките за поддршка и развој Владата секогаш ги земаше предвид забелешките и сугестиите на земјоделците, но, многу е важно, напомена Иваноски, нивниот глас да се слушне и во процесот на преговорите.
Во формалната структура за преговои со ЕК што Владата моментно ја подготвува, според искуствата на другите земји, покрај централниот преговарачки тим и широката административна структура, ќе има и структури со советодавна улога.
Нилсон сугерира земјоделските здруженија во Македонија да формираат консултативна група која во текот на преговорите со ЕК ќе ги застапува интересите на земјоделците, а за македонската Влада смета дека ја има желбата и капацитетот да ги исполни потребните критериуми. |