- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Интензивирање на активностите за окрупнување на земјоделското земјиште во МакедонијаDate of publication: 1 March 2012Се интензивираат активностите за окрупнување на земјоделското земјиште во Македонија. По донесените законски измени, изготвена е и Националната стратегија 2012 - 2020 што ги дефинира мерките според кои ќе се одвива овој сложен, долгорочен процес. Целта е зголемување на обработливите површини барем приближно до просечните во ЕУ од најмалку шест хектари. Како што нагласи министерот Љупчо Димовски на денешната јавна расправа за Стратегијата, консолидацијата на земјиштето е директно поврзана со конкурентноста на земјоделството. Подразбира поекономична обработка, пониски производни трошоци, поголем квалитет, подобри цени и полесен пласман. - Окрупнувањето на земјиштето не е едноставен, краток процес. Бара големи заложби особено ако се земат предвид менталитетот на нашите земјоделци и условите во кои се наоѓаат парцелите, но предизвикот е голем. За да го достигнеме европскиот просек ќе ни треба сериозно многу време и соработка со производителите, истакна Димовски. Сегашната просечна големина на македонските земјоделски стопанства изнесува околу два хектара, но парцелите се скромни, до пет декари. Тоа, посочи министерот, е лоша ситуација која му тежи на аграрот. Речиси 40 отсто од приватните стопанства се помали бизниси со под два хектара земјоделско земјиште. Главно произведуваат за домашни потреби, а на пазарот го продаваат само лимитираниот вишок продукција. - Освен што се мали, парцелите се и релативно оддалечени една од друга, имаат неправилна форма и ограничен пристап до локалните патишта и системите за наводнување. Тоа резултира со зголемени производни трошоци и неможност за инвестиции, рече државниот советник Перица Иваноски, презентирајќи ја Националната стратегија. Окрупнувањето на земјиштето ќе се реализира на два начина, доброволно - ако земјоделците ги увидат предностите од процесот и дозволат негово спроведување со целосна поддршка на Министерството, и т.н. крупно, преку соединување парцели со цел добивање најмалку 100 хектари површина, односно учество на минимум 100 производители. Во овој случај се предлага принципот на просто мнозинство, консолидацијата да почне доколку 51 отсто од земјоделците се согласат во нивната општина или село да извршат замена. - Предност на целиот процес, освен окрупнувањето, е тоа што површините ќе имаат правоаголен облик. Тоа ќе го олесни влегувањето на механизацијата, изградбата на патишта меѓу парцелите и наводнувањето, изјави Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци. Според предвидените активности, прво ќе се окрупнува државното земјоделско земјиште кое опфаќа 45 до 50 отсто од вкупната земјоделска површина во државата, а потоа и приватното кое е значително фрагментирано. Станува збор за околу 250.000 хектари во почетокот на процесот. Доброволната консолидација треба да заврши до 2015 година, а крупната до 2020. Националната стратегија за консолидација на земјоделското земјиште 2012 - 2020 претставува заеднички проект на ресорното Министерство и Кралството Холандија. Веќе е дадена на разгледување во надлежните институции, но паралелно се органиизраат јавни дебати и дискусии со цел нејзино подобрување и дополнување. Во овој контекст е најавена и кампања која треба да ги информира земјоделците за придобивките од окрупнувањето.
|