- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Се одржува вториот состанок на раководителите на телата за управување со ИПАРД од Југоисточна ЕвропаDate of publication: 28 February 2012Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство денес и утре ќе биде домаќин на вториот состанок на раководителите на телата за управување со Инструментот за претпристапна помош за рурален развој (ИПАРД) од земјите на Југоисточна Европа. Покрај од надлежните министерства од земјата домаќин, од Босна и Херцеговина, Република Српска, Хрватска, Црна Гора, Србија и од Косово, на состанокот ќе учествуваат и претставници од Генералниот директорат за земјоделство и рурален развој задолжен за ИПАРД во Брисел, како и висок претставник на Европската комисија, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На состанокот ќе бидат разменети искуства од процесот на акредитација и преносот на правото за управување со ИПАРД фондовите од Европската Комисија на надлежните институции, во земјите кандидати и потенцијални кандидати за членство во ЕУ. Претставникот на ЕК пред учесниците на состанокот ќе ги презентира идните предизвици и можности за финансирање на земјоделството и руралниот развој во рамките на ИПАРД помошта за наредниот програмски период 2014-2020, како и нацрт документот на ИПА Регулативата за периодот по 2013 година. Предлозите за подобрување и проширување на програмските мерки од ИПАРД помошта кои треба да ги дадат претставниците во форма на заклучоци од состанокот ќе бидат доставени до ЕК како заедничка платформа за управување и користење на ИПАРД во идниот период. Состаноците на раководителите на телата за управување со ИПАРД од земјите на Југоисточна Европа се оддржуваат два пати годишно со поддршка на меѓународната организација „Постојана работна група за регионален рурален развој во ЈИЕ“ со седиште во Скопје. |