Коњановски ги повика земјоделците електронски да ги евидентираат земјоделските парцели во ПЕ на МЗШВ

Date of publication: 
25 February 2012
Konjanovski Probishtip.jpg

Заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски денеска во Пробиштип на средби со вработените во Подрачната единица на ресорното Министерството и индивидуалните земјоделски производители, сопственици на сточарски фарми, одлеглувачи на пчелни семејство и производители на земјоделски производи. Разговараше за исплатата на субвенциите и за подготвеноста  на вработените за прием на документи и апликации од страна на земјоделците по програмите за субвенционирање на ресорното Министерството и Владата на Република Македонија

 

Според заменик-министерот Коњановски, една од целите на посетите е и да се заврши проектот за електронска идентификација за земјоделското земјиште. - Токму оттука, од Пробиштип, рече Коњановски, испраќам порака до сите земјоделци што е можно поскоро да се јават во подрачните единици на МЗШВ да ги назначат нивните земјоделски површини како би можеле да ги евидентираме. Тоа е многу значаен процес кај нас кој ќе влијае и во обезбедувањето и доделувањето субвенции на земјоделците. До крајот на мај 60 до 70 проценти од земјоделските парцели ќе ги ставиме во наша евиденција. Партнер ни се земјоделците и тие треба заедно со вработените во подрачните единици на Министерството да помогнат да се заврши овој процес, рече Коњановски.

 

Тој информира дека исплатата на субвенциите на земјоделците е веќе почната и оти се очекува целосно да биде завршена до 30 јуни годинава.

Осврнувајќи се на реализацијата на хидросистемот „Злетовица“, Коњановски истакна дека првата фаза е завршена 98 проценти и остануваат многу малку работи за да се довршат. - Со исто темпо ќе продолжиме и во реализацијата и на втората и на третата фаза кои ќе значат дополнителен приход за жителите од овој регион. Притоа ќе обезбедиме наводнување на 4.000 хектари земјоделско земјиште во Злетовско и Пробиштипско и производство на 15 мегавати електрична енергија. Како држава многу вложуваме во овие два проекта и воопшто во хидросистемот „Злетовица“ кој е повеќенаменски и ќе значи мотив повеќе луѓето да останат во овие краишта, рече заменик-министерот.

 

Во врска со информцијата за откуп на 2.000 тони ориз за потребите на стоковите резерви, посочи дека со Синдикатот на индивидуалните земјоделски производители е разговара, проблемот е разгледан на една од седниците на Владата и за 10-тина дена треба да има целосен одговор околу ова прашање