- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Средба на министерот Димовски со амбасадорот на Словенија Ален Брајан БергантDate of publication: 20 February 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денска се сретна со амбасадорот на Словенија НЕ Ален Брајан Бергант. На средбата стана збор за соработката во областа на земјоделството со посебен акцент на откупно-дистрибутивните центри. Министерот Димовски го информира амбасадорот дека заинтересираните фирми за вложување во откупно дистрибутивни центри имаат можност да добијат и државно земјоделско земјиште, а со цел обезбедување поволни услови за стопансисување подготвени се и голем број даночни олеснувања, како и можност за брзо регистрирање компанија. Амбасадорот Бергант изрази подготвеност за организирање на група словенски бизнисмени да ја посетат Македонија за поблиску да се запознаат со условите и можностите за инвестирање во македонскиот земјоделски сектор, со цел да го пополнат недостигот од свежи земјоделски производи за нивната преработувачка индустрија. Исто така Неговата Екселенција го повика Министерот Димовски и македонските компании кои се занимаваат со земјоделска дејност во пресрет на 50 годишнината од саемот на земјоделски производи во Горна Радгона „Агра 2012“ и оваа година да го претстават земјоделскиот сектор на Република Македонија. |