- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Русија заинтересирана за увоз на македонски земјоделски производи, најмногу зелка, праски, кајсии, вишни и доматиДата на објава: 15 Февруари 2012Од септември минатата година е евидентиран зголемен увоз на македонски земјоделски производи во Русија. Голема заслуга за ваквиот позитивен тренд, освен ресорниот министер Љупчо Димовски, имаат и македонските преприемачи кои претходните неколку месеци засилено го промовираа домашното производство на рускиот пазар. Очекувам ваквиот позитивен тренд во трговијата и во развојот на економските односи меѓу нашите држави да продолжи и во иднина. Ова го изјави заменик министерот за регионален развој и копретседател на Меѓувладината руско-македонска комисија Максим Травников на денешниот работен состанок со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во Москва. Како што истакна Травников, тој лично ќе се заложи за успешна организација и промоција на македонското стопанство во април годинава. - Република Македонија и Руската Федерација традиционално имаат одлична соработка, а потенцијалот за пласман на квалитетни земјоделско-прехранбени производи на овој пазар е голем. Задоволство ни е што продолжува позитивниот тренд во извозот за што голема улога имаат не само зголеменото производство, туку и понудата на македонски производи на рускиот пазар, нагласи министерот Димовски на средбата со Травников во Министерството за регионален развој на Руската Федерација. Според него, Македонија изминативе години создаде одлични услови за компаниите кои ќе одлучат да инвестираат во нашиот земјоделско-прехранбен сектор. Отворени сме за инвестирање во изградба на фабрики, ладилници, капацитети за преработка и сушење на овошје и зеленчук, за производство на млеко во прав. Димовски ги повика руските компании да инвестираат во Република Македонија и да отворат дистрибутивни центри за македонски производи во Руската Федерација. Тој го информира Травников дека заинтересираните фирми за вложување во македонскиот земјоделски сектор имаат можност да добијат и државно земјоделско земјиште, а со цел обезбедување поволни услови за стопансисување подготвени се и голем број даночни олеснувања, како и можност за брзо регистрирање компанија. По средбата со заменик министерот за регионален развој, Димовски имаше средба и со неговата колешка, руската министерка за земјоделство Елена Скриник. Тема на сотанокот беше продлабочување на соработката меѓу двете земји во земјоделско-прехранбениот сектор и зголемување на застапеноста на македонските производи на рускиот пазар. - Размената е зголемена 2,6 пати. Се повеќе увезуваме производи од Македонија. Со ниту една земја не сме имале такво интензивирање на соработката како со вашата. Заинтересирани сме за увоз на земјоделски производи од Македонија, најмногу за зелка, праски, кајсии, вишни и домати. Има голема перспектива за пласман на овошје и зеленчук на рускиот пазар. Вашите производи се конкурентни, квалитетни и еколошки чисти, подвлече Скриник. Таа предлжи формирање работна група за земјоделство во рамки на Меѓувладината руско-македонска комисија со цел интензивирање на сорбаотката и потпишување меморандум за соработа меѓу министерствата за земјоделство. Министерката Скриник изрази особен интерес за условите за инвестирање на руските компании во отворање откупно - дистрибутивни центри. Димовски, пак, ја покани да ја посети Македонија за поблиско запознавање со потенцијалите на агросекторот. Министерот Димовски за време на престојот во Москва ќе го посети и Саемот за прехранбени производи, вино и суровини ПРОДЕКСПО 2012. За утре е закажана средба со раководството на Трговско-индустриската комора на Русија на која ќе се презентираат македонските потенцијали во земјоделскиот сектор, пред се, производството и пласманот на виното. Министерство за земјоделство на Руската Федерација му понуди на министерот Димовски дел од просторот со кој располага оваа институција на Саемот да ни биде отстапен за изложување на македонското вино. |