- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Субвенциите за 2012 годинава поголеми за 12 проценти, во фокусот на поддршката сточарството и градинарствотоDate of publication: 14 February 2012Владата ја донесе годинашната Програма за финансиска поддршка на земјоделството вредна 6,23 милјарди денари или 113 милиони евра. Како што соопшти денеска на прес-конференција вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски, направени се измени во дизајнирањето на субвенциите кои се поголеми од лани за 12 отсто, при што поголем акцент е ставен на сточарството и градинарството. Програмата содржи вкупно 37 мерки, но секаде се следи стратегискиот правец, да им се посочи на земјоделците кон кои култури повеќе да се фокусираат. Од проектираните средства, 3,49 милијарди денари се за растително производство, 2,3 милијарди се наменети за сточарството, а 130 милиони денари се за органско производство. - Освен покачување на средствата, додадени се и нови мерки, во сточарството дополнително субвенционирање за задржување женски грла со цел зголемување на основните стада, а во градинарството првпат се прави категоризација по одделни култури врз основа на четири критериуми, цената на семенскиот материјал, технолошката интензивност, трудоинтензивноста и учеството на производот во извозот, истакна Пешевски. Категоризации има и во преработувачката индустрија, како и во овоштарството, првпат се воведуваат субвенции, два денари за килограм за предадено овошје во индустриските капацитети и 100 илјади денари за единица површина произведени јагоди во затворен простор. Се зголемува и поддршката во делот производството и употребата на сертифицираното семе и саден материјал, како и во производството на сточна храна и пченка. - За хектар пченица, рж, јачмен, пченка, ориз, овес, сирак, просо, хмељ, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репа, афион, шеќерна репа, памук, граор,..., засеана или одржувана површина се предвидени 9 илјади денари или шест отсто повеќе, дополнителни илјада денари за хектар сточна храна или пченка, за сончоглед и ориз плус 3 илјади денари, 50 отсто повеќе за домати и краставици и 15 процентно зголемување за пипер и компир, рече министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски. Зголемена за 12 отсто е и поддршката во лозарството и во овоштарството за одржување на насадите, а за 17 проценти се зголемува поддршката за сертифициран сменски материјал за житни и индустриски култури. Субвенцијата за тутунот останува 60 денари за килограм. - Зголемување од 15 на 25 денари или 67 отсто има за продаден лозов и овошен сертифицран, безвирусен саден материјал кој очеуваме да овозможи зголемени и здрави приноси, за четири проценти се зголемуваат субвенциите за обележани грла говеда, а се воведува и мерката со која се даваат по илјада и петстотини денари за обележано женско грло. Планирана е и дополнителна поддршка од 2 илјади денари за заклано грло говедо одгледувано од октовмри 2011 до април 2012, информира министерот Димовски. За обележани грла овци поддршката се зголемува за пет отсто, но, се воведуваат и нови 700 денари за женско јагне. Се зголемува за шест проценти и субвенцијата за обележани кози, а дополнителни 300 денари се предвидени и за обележани женски грла кози. Поддршката се зголемува и во свињарството, во производството на пилешко месо и за заклани несилки. За регистрирано пчелно семејство поддршката се зголемува за 20 отсто, односно од 500 на 600 денари, а набавката на матици максимум до 10 пчелни семејства, годинава е зголемена за 43 проценти, односно од 350 на 500 денари. Како дополнителни мерки, за развој на земјоделството, се планирани 35 милиони денари и тоа за помош за премии за осигирување, три милиони денари за заштита на земјоделско земјиште, уште толку помош на одредени категории носители на земјоделско земјиште, осум милиони денари за помош во сточарскиот сектор и 16 милиони денари за воведување повисоки стандарди за квалитет. Тони Димовски, директор на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој информира дека исплатата на субвенциите се реализира според утврдената динамика и дека исплатата на субвенции за минатата, продолжува во оваа година. Како што информира вицепремиерот Пешевски, оценка на Владата на Република Македонија е дека се значителни ефектите од досега исплатените субвенции на земјоделсците и наскоро, најави тој, тоа ќе го потврдат и со конкретните анализи кои се веќе подготвени. Следната програма за финансиска поддршка на земјоделството според најавите ќе биде тригодишна. Првичната верзија според планираното се очекува да биде завршена до почетокот на мај, а истата треба да се донесе најдоцна до септември или откомври. |