Можности за користење на ИПАРД фондовите во Република Македонија-Стопанска комора на Р.Македонија

Дата на објава: 
3 Ноември 2009
image1.jsp.jpeg

Со цел навремено да  го информира  земјоделско-прехранбениот сектор со финансиските можности  што ги нудат ИПАРД - фондовите. министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во Стопанската комора на Р: Македонија организираше работилница на тема „Можности за користење на ИПАРД фондовите“.

 

Интересот на земјоделците и преработувачите за ЕУ средствата е голем, но и познавањата за изготвување бизнис планови се на завидно ниво.

 

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги информираше стопанствениците дека во зависност од бројот и квалитет на бизнис плановите, првите договори се очекува да бидат склучени во април-мај следната година. Веднаш потоа може да се почне со реализација на одобрениот проект, Обуката за ИПАРД што Министерството веќе интензивно ја спроведува, ќе продолжи и по огласувањето на Програмата.

 

ИПАРД инструментот предвидува инвестиции и во центрите за пакување на производите со оглед дека амбалажирањето е една од клучните слабости на македонската прехранбена индустрија, а е многу битно за успешен пласман на европксите пазари.

 

Преработувачите велат дека се добро запознаени со претпристапната помош на ЕУ. Најмногу ги користат странските искуства за изготвување издржани бизнис планови.Тие ги имаат имплементирано ХАЦЦП и ИСО стандардите, но она што значи ЕУ и извознички број за ЕУ се уште ниту една месна индустрија го нема обезбедно. За такво нешто се секако неопходни и европските фондови. Тие се убедени дека и најмалиот производител во Македонија ќе знае како да ги употреби средсвата од Унијата за да ја зголеми продуктивноста и да се усогласи со законитостите што ги налага ЕУ.

 

Според нив, македонската месна индустрија е во добра состојба од аспект на техничко-технолошката опременост, но тоа не е доволно за ги задоволи строгите европски критериуми.