- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот Љупчо Димовски и принцот Мајкл од Кент ја посетија винарската визба „ТиквешDate of publication: 31 January 2012Неговото височество принцот Мајкл од Кент придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска ја посетија винарската визба „Тиквеш“. За време на престојот во винарска визба принцот од Кент, разговараше со менаџментот, инвеститорите, енолозите и лозарите-партнери на „Тиквеш“ за перспективите за развој и зголемен пласман на македонските вина на британскиот пазар.
Министерот Димовски истакна дека гостите од Велика Британија биле позитивно изненадени од состојбите во македонското земјоделство и сериозно заинтересирани за влез во македонскиот аграр.
Рејмонд Пауер од британската бизнис група рече дека имало заложби за покренување на фонд за македонскиот аграр. Рече дека земјоделците ќе можат да добијат поволни кредити.
-Ние веруваме дека сме доста сериозен и силен бизнис партнер на државата-нагласи тој. Рече дека Македонија ја чувствувале како стабилна земја. Го искажа позитивниот впечаток на делегацијата кој го имале за Владата на Република Македонија. Бизнис делегацијата од Велика Британија е заинтересирана за вложување во винскиот сектор и бара можност за градење на винариjа или купување на некоја од веќе постоечките.
Принцот од Кент и претставниците на британската бизнис заедница кои денеска ја посетија винарската визба „Тиквеш“, ќе понесат врвно македонско вино кое како што изјави генералниот директор на „Тиквеш“ Игор Илиевски, е доказ дека Македонија умее да направи производ со највисок квалитет. |