- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министерот за земјоделство Љупчо Димовски одржа работен состанок со претставници на Сојуз на стопански комори –Агробизнис комораDate of publication: 24 January 2012Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, денеска одржа работен состанок со претставници на Сојуз на стопански комори –Агробизнис комората и претставници од секторите во министерството. На состанокот стана збор за тековните прашања и проблеми во областа на земјоделството. Се направи анализа на земјоделскиот сектор, моменталната состојба, целите кои треба да се постигнат, како и роковите за постигнување на истите. Министерот и Агробизнис комората ги разгледаа предлозите кои што беа во делот на Законската регулатива во земјоделството,Земјишната политика, во правец на правилно искористување на земјишниот фонд на што министерот Димовски посочи дека расцепканоста на земјоделските имоти оневозможува зголемување на производството и конкуретноста на македонското земјоделство и примена на соодветни агротехнички мерки. Поради тоа, окрупнувањето на земјоделското земјиште е една од стратешките определби на Министерството за земјоделство со која во иднина треба да се надмине овој проблем. За таа цел, се подготвуваат измени на постоечкиот Закон за земјоделско земјиште со кои треба да се надмине натамошното раситнување на земјоделското земјиште, а изготвена е и Нацрт стратегија за окрупнување (комасација). Во делот на мелничко пекарската индустрија се разговараше за можноста за воведување на нумеричка евиденција на производството со што ќе се елиминираат неправилностите и значително ќе се намали сивата економија. Исто така на состанокот стана збор и за градинарското производство кое има големо економско значење и посебна специфика, потоа за средствата за заштита на растенијата делот за семињата и садниот материјал и многу други теми од секторот. На крајот на состанокот претставниците од Агробизнис комората му се заблагодарија на министерот за неговата посветеност во работата и за отвореноста кон нови идеи кои би го подобриле земјоделскиот сектор. |