- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
ДемантДата на објава: 5 Јануари 2012Во насока на објективно информирање на јавноста, во контекст на информациите кои во текот на вчерашниот ден се појавија на одредени медиуми, а поврзани со концесиите за стопански и рекреативен риболов на Охридското Езеро, Преспанското Езеро, Дојранското Езеро и вештачкото езеро – акумулација Шпилје, како Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство сакаме да информираме за следново: МЗШВ во целост ги демантира тврдењата изнесени во медиумите дека трите природни езера и Дебарското Езеро на кое е дозволено вршење на стопански и рекреативен риболов, ќе бидат дадени на еден концесионер. Станува збор за погрешно пренесена изјава која не ја отсликува вистината. Имено, концесиите за секое од споменатите езера, пооделно ќе бидат регулирани со распишување на јавни огласи за секое езеро. Комисија за доделување на концесии, ќе ги разгледа сите доставени понуди поодделно, при што за најповолните ќе даде предлог на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, односно на Владата на Република Македонија да донесе одлука за давање под концесија за секое од езерата поодделно. Оваа постапка се реализира согласно законските прописи, односно на распишаните јавни огласи може да се пријават сите оние кои ги исполнуваат пропишаните услови. |