- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Министреството за земјоделство додели под концесија 59 ловиштаDate of publication: 30 December 2011
Повеќето од ловиштата, околу 40, се за ситен дивеч, а останатите за крупен. Времето на концесија за крупен дивеч е 20 години од денот на објавувањето на одлуката во Службен весник, 21 декември 2011, а конецсијата за ситен дивеч 10 години од денот на објаувањето на истата одлука. - Ги испочитувавме барања, предлозите и сугестиите на ловџиите и им излеговме во пресрет со цел уште повеќе да го унапредиме секторот ловство и да го поттикнеме развојот на ловниот туризам, рече министерot Љупчо Димовски при доделувањето на договорите. -При доделувањето на ловиштата под конецисја се дава договор во кој се дефинирани правата и обврските на концесионерите кон државата и обратно. Концесионерите добија и посебна ловостопанска основа за секое ловиште која ги содржи сите одгледни, заштитни и мерки на користење кои се задолжителни, изјави Војо Гоговски, државен советник арство и ловство во Министерството. Според него, конецсискиот договор е многу либерален во однос на правата на концесионерите. -Концесионерот има право да ги презема сите активности самостојно во делот на одгледувањето, заштитата и користењето во рамки на правните документи, Законот за ловство, концесискиот договор и ловостопанска основа. Од друга страна, обврските се задолжителни. Во случај на неспроведување на која било одгледна мерка, следи одземање на ловиштето, истакна Гоговски. Секоја година работата на концесионерите ја контролира Државниот инспекторат за шумарство и ловство. При евентуално утврдување неправилност, се дава определен рок за отстранување на евентуалните неправилности во работењето. Ако тоа не се стори, се поведува постапка за одземање на концесијата. На концесионерите што ги потпишаа договорите им беше предочена ситуацијата со свинската чума и беснилото кај лисиците, болести евидентирани на цела територија на Македонија. -Сега е периодот кога е отворена сезоната на лов на диви свињи. Бараме од вас да ни ги носите мострите од застреланите диви свињи за лабораториски испитувања. Од досегашните испитувања утврдивме дека болеста е присутна кај дивите свињи. Тоа значи дека ќе треба да продолжиме со уште поинтензивни анализи. Неопходно е да се застрелаат и одреден број лисици за контрола на успешноста на спроведената вакцинација, односно да се донесат мостри од сомнителни лисици, кои невообичаено се однесуваат. Лисицата е ноќно животно кое избегнува луѓе и животни. Сомнително би било доколку забележите како шета дење и не се плаши од животни или луѓе, ако е згазната е или мртва. Таквиот случај треба лабораториски да се испита, потенцира Тони Киранџиски од Агенцијата за храна и ветеринарство. За секое застрелано животно, рекоа Гоговски и Киранџиски, се плаќа и одреден надомест
|