- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Тутунарите да не стравуваат, сите компании имаат пари да го платат откупениот тутунDate of publication: 21 December 2011,,Производителите на тутун да не стравуваат и навреме да го предадат родот бидејќи сите откупни компании имаат добиено лиценци, а тоа е основна гаранција дека имаат обезебедно пари за исплата на тутунот. Нема причина од создавање на проблеми, бидејќи реално, на теренот, во почетокот на оваа откуупна кампања нив ги нема. Радува фактот што сегашната состојба на откупните пунктови ветува мирен откуп, со почитување на законите и правилата, а пред се со правилна проценка на тутунот и на задоволатво и на производителите и на откупувачите,,. Ова го констатира министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски кој денеска, во Министреството за земјоделство,шумарство и водостопанство одржа работен состанок со претставниците на откупувачите на тутун и на здруженијата на тутунарите, членки на Сојузот на здруженија на тутунопроизводители.
Заменик министерот за земјоделство Зоран Коњановски и директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов на состанокот истакнаа дека и вчераната посета на неколку откупни пункта во Прилепско е потврда за добрата атмосфера во која се одвива откупот на тутунот во моментот. ,,Исполнети се сите законски услови и прифаќањето на тутунот од страна на откупувачите се врши без проблеми,, - рече заменик министерот Коњановски.
Објективно, како што истакна министерот Димовски, годинава ќе откупиме помали количини тутун во споредба со лани, односно околу 20 илјади тони, но, добро е што квалитетот и покрај сушата е одличен. ,,Предвремениот откуп на тутунот не ги даде очекуваните резултати, а реална причина за тоа се исклучиво неповолните временски услови, односно сушата која беше основна причина за отежната подготовка на тутнот за домашна манипулација. Сепак, очекувам дека она што беше детектирано како слабост на овој пилот проект од страна на производителите и од откупувачите, за новата реколта ќе биде надминато и дека во функција на одржливо тутунско производство, предвремениот откуп ќе се реализира и идната година. Она на што треба да се насочиме за новата реколта е зголемување на квалитетот,, – потенцира министерот Димовски.
Претседателот на Сојузот на здруженија на тутнопроизводители Данчо Милески ја поддржа реализацијата на пилот проектот за предвремен откуп на тутунот и побара од откупните компании тој да се реализира и за новата реколта. Земјоделските здруженија позитивно го оценија предвремениот откуп потенцирајќи дека на ваков начин се намалуваат трошоците на производителите за чување на тутунот, полесна е манипулацијата, а тутунарите добиваат пари од продажбата на родот во момент кога им се најпотребни. И според Милески, поради сушата, место планираните 1.300 тони од новата реколта со пилот проектот се откупиле помалку од половината од планираните количини за откуп. Претставниците на откупните компании потврдија дека годинава откупот се реализира без проблеми на задоволство на сите вклучени во откупната кампања. Тие го поддржаа претставникот на Сојузот и побараа од Министреството за земјоделство серизно да се разгледа можноста пилот проектот за предвремен откуп на тутунот да се реализра и идната година, бидејќи, искуствата од оваа година и за откупните компании се многу позитивни.
На крајот од состанокот министерот Димовски апелираше до откупувачите и производителите да продолжи доследното почитување на Законот за тутун и подзаконските акти, односно да не се откупува тутун за кој не е склучен договор бидејќи, казните и за тутунарите и за откупувачите се големи. |