- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Доделени 264 решенија за легализација на земјоделското земјиште со долгогодишни насадиDate of publication: 9 December 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски денеска на 264 земјоделци од Кавадарци, Неготино и Росоман им додели договори за легализација на државното земјоделско земјиште што го користат за одгледување повеќегодишни насади.
Станува збор за 400 хектари површина чија легализација е овозможена со измените на Законот за земјоделско земјиште, донесени во март годинава.
- Ова е голем исчекор во делот на земјишната аграрна политика што освен легално користење на површините, на производителите ќе им овозможи и земање субвенции од државата што досега не беше случај, истакна Димовски.
Висината на закупот за хектар површина на легализираното земјиште што ќе треба да го плаќаат земјоделците е од пет до 25 евра по хектар зависно од локацијата, типот на насадот, дали има систем за наводнување...
Денеска доделените договори се од објавените два јавни повика бр.03 и бр.04 по кои ќе следуваат уште неколку зашто за легализација има преку 3.000 хектари |