- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Отворени денови на министерството за земјоделство во СтрумицаDate of publication: 27 November 2011Министерот за земјоделство Љупчо Димовски и неговиот заменик Зоран Коњановски денеска со средба со земјоделците од Струмичко ги почнаа Отворените денови на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, кои стартуваат од подрачната единица во Струмица.
- Наша основна цел со оваа кампања која ја планиравме од поодамна е да дојдеме меѓу земјоделците и откупувачите и заедно да ги согледаме проблемите и најдеме решение за нив, изјави министерот Димовски.
Тој најави дека во рамки на Отворените денови на Министерството кои ќе се одржат во неколку региони во државата преку директни разговори ќе бидат промовирани стратегии за формирање земјоделски задруги и рурален развој и за можностите за натамошно зајакнување на македонскиот земјоделец и македонското село. Ќе следат пакет мерки за помош и подршка на идните земјоделски задруги.
- Здружувањето на земјоделците во земјоделски задруги е значаен проект во стратегијата за развој на македонското земјоделство.Покрај техничката и организациската помош, што е неопходна при формирањето на земјоделските задруги предвидуваме за идните здружени земјоделци поголеми субвенции, ослободување од плаќање на надомест за вода, предност при доделување земјоделско земјиште, како и при набавка и комплетирање на нова земјоделска механизација, истакна Димовски.
Според него, со здружени земјоделци и со окрупнување на земјоделските површини, се создаваат можности за зајакнување на конкуренцијата на македонското земјоделство на светските пазари.
Како дел од активностите предвидени со Отворените денови на МЗШВ се одржа и трибина во селото Сушица во Општина Ново Село |