- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Oтворени денови на министерството за земјоделствоDate of publication: 25 November 2011Во насока на отворена и транспарентна комуникација со граѓаните, а со цел излегување во пресрет на потребите на граѓаните, министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ќе организира отворени денови низ Македонија. На отворените денови кои ќе се реализираат до крајот на оваа и во наредната година ќе бидат разгледувани проблемите со кои се соочуваат земјоделците, а истовремено заинтересираните граѓани ќе можат да даваат идеи и предлози за теми кои се во надлежност на министерството.
На овие средби граѓаните ќе разговараат со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, заменик министерот Зоран Коњановски, државниот секретар Бесир Јашари како и со раководителите на секторите во министерството.
Отворените денови ќе се реализираат преку средби и трибини, а стартот на проектот е на 27.11.2011 година (недела) во општина Струмица. од 11:00 до 16:00 часот. Заинтересираните граѓани ќе можат да остварат средба со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Димовски, заменик министерот Зоран Коњановски, државниот секретар Бесир Јашари, како и со раководителите на секторите во министерството во подрачната единица на министерството во Струмица, а во 19:00 часот ќе се одржи трибина во Домот на културата во село Сушица, општина Ново село.
Во текот на декември средбите ќе се одржат во следните општините: во Ресен на 3.12.2011 г., во Тетово на 10.12.2011, Штип на 17.12.2011 и во Кавадарци на 24.12.2011 година.
Трибините ќе се одржат во Демир Хисар на 3.12.2011 во Јегуновце на 10.12.2011, во Лозово на 17.12.2011 и во Росоман на 24.12.2011 година.
Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да присуствуваат на отворените денови на министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. |