- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Квалитетот на тутунот ќе ја диктира откупната ценаDate of publication: 21 November 2011,,Годинава очекувам порелаксирана атмосвера во откупот на тутунот од новата реколта. Претстои тутунарите на регуларен начин да го предадат родот и да си го земат заработеното. Задоволен сум што комбинатот прв почна да откупува во Прилепско иако крајниот рок за почеток е 15. декември.И другите компании според најавите ќе почнат со откуп деновиве,, - изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски во Прилеп, на почетокот на откупот на тутунот во прилепскиот тутунски комбинат.
Како што истакна тој, годинава не се менува бројот на лиценцирани компании. Се се одвива според измените во Законот за тутун со цел да се заштитат тутунарите. Се промени и Правилникот за процена на тутунот според кој, како што потенцира министерот, сега откупот се врши во три класи. Субвенционирањето, додаде тој, останува по 60 денари за килограм иако, подвлече тој, имаше одредени мислења да биде според класи со што би се поттикнало производство на тутун со повисок квалитет. ,,Сметам дека за тоа не е дојдено време затоа што за тоа треба да се усогласат тутунопроизводителите,,- потенцира министерот Димовски.
Според Александар Спиркоски, раководител на ДОЕЛ Тутун при Комбинатот, засега откупот се одвива без проблем.,,Постепено ќе ја зголемуваме динамиката од 80 до 100 тони дневно, а ќе отвориме уште 21 пункт во населените места. Исплатата ќе оди непречено според договорот, од 7 до 10 дена,, најави Спиркоски.
Тутунарите кои денеска го предадоа родот изразија задоволатво и од организацијата на откупот и од откупните цени. Данчо Милески, претседател на Сојузот на здруженија на тутунопроизводи изрази подготвеност на Сојузот за следење на годинашниот откуп.Како што рече тој, квалитетната реколта која годинава тежи околу 18 илјади тони ќе ја диктира цената во откупот. |