- Министерство
- За министерството
- Односи со јавност
- Документи
- Органско производство
- Ознаки за квалитет
- За EXIM корисници
Инспекторатот за земјоделство спречи продажба на 60 тони банани, садници сливи и праска со сомнителен квалитетДата на објава: 20 Ноември 2011Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) забрани пуштање во промет 63.360 килограми банани. Како што информира денеска на прес-конференција директорот на Инспекторатот Румен Стаменов, бананите, кои вчера биле уништени на депонијата во Гостивар се по потекло од Гватемала, но, не ги задоволувале ниту минималните стандарди за квалитет. - Постапувајќи согласно Законот за квалитет на земјоделските производи, со цел да ги заштитиме домашните потрошувачи, не дозволивме во нашите маркети и на нашите зелени пазари да се пуштат во продажба над 60 тони банани. ДИЗ спречи и ставање во промет 5.200 садници сливи и 200 садници праска увезени од Велика Дренова – Трстеник, Република Србија, кај кои е пронајден вирусот „шарка“ чие внесување и ширење во Македонија е забрането- рече Стаменов. Со оглед дека е зголемена побарувачката на саден материјал во овој период, како што истакна директорот на Инспекторатот, препорака до земјоделците е да не купуваат садници од нерегистрирани продажни места кои немаат доказ за потеклото и здравствената исправност на садниците. Стаменов апелира граѓаните да продолжат со известување за неправилности на бесплатната телефонска линија 0800 11 000. По дојава на анонимен граѓанин со кој лично разговарал, изминатата недела се одземени 180 килограми различни видови риби. -Продолжуваат интензивните контроли на ДИЗ во координација и тесна соработка со Македонската риболовна федерација, МВР, јавните научни установи и здруженија на спортски риболовци за заштита на рибниот фонд – додаде тој. Од 1 јануари годинава досега. Како што индормира директороит Стаменов, Инспекторатот направил 810 инспекторски надзори, поведени се 140 прекршочни постапки, поднесени се седум кривични пријави, издадени се 52 платни налога, одземени се 1.130 килограми разни видови риба и 1.300 броја риболовен алат, опрема и средства. - Подготвени сме секогаш, секаде и во секое време да делуваме, особено на места каде што не се почитуваат законските одредби, потенцира првиот човек на Инспекторатот. Според него, се зајакнува и внатрешната работна дисциплина во Државниот инспекторат за земјоделство. За несовесно, неодговорно, ненавремено и неквалитетно извршување на работните задачи поведени се дисциплински постапки против четворица инспектори. Таму каде што има елементи на кривична одговорност ќе се поведе постапка пред надлежните органи. Стаменов соопшти и дека се во тек интензивни инспекциски контроли на веродостојноста на дадените изјави на нотар од страна на одговорни лица во винарските визби кои се однесуваат на измирување на финансиските обврски кон лозарите за откупеното грозје. Досегашните контроли покажале дека две одговорни лица во винариите дале неточни податоци. За овие случаи е известена Финансиската полиција.
|