Ќе се интензивира соработката на македонското со министерствата за земјоделство на Унгарија, Полска и Германија

Date of publication: 
10 November 2011
10 007.jpg

Покренување на иницијатива за склучување  на билатерални договори за соработка меѓу министерствата за земјоделство од регионот,  интензивирање на соработката на полето на интегративните процеси, во прв ред преку пренесување на позитивните искуства од страна на земјите членки на Европската унија. Ова денеска го договори министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски со претставцниците на министерствата за земјоделство на Унгарија, Полска и Германија на билатералните состаноци кои се одржаа во Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство,  во рамки на Годишниот состанок на министрите за земјоделство, членки на Постојаната работна група за регионален рурален развој.

Интензивирање на маркетингот на земјоделските производи од Република Македоија,  привлекување на странски инвеститори преку промовирање на условите кои ги нуди Владата на Република Македонија за заинтересиранте странски инвеститори, ниските каматни стапки, но преку можноста за формирање на  мешовити компании од областа на земјоделско-прехранбениот сектор, како што истакна министерот Диомовски се приоритетите кон кои  е нсочена реализацијата на неколкуте програми на Владата на Република Македонија и на Министреството за земјоделство во делот на зголемување на конкуретноста и продуктивноста на македонското земјоделство.

-Во изминативе неколку години рапидно ги зголемивме субвенциите во земјоделството, а како резултат на многубројните програми за модернизација на механизацијата, за осовеменување на системите за наводнување, евидентираме и зголемени приноси и извоз  на странските пазари- потенцира министерот Димовски.

Тој посочи дека е добредојдена секоја соработка на полето  на земјоделството која е во насока на осовременување и приближување на овој сектор кон Европската унија. Претставниците на унгарското, германското и  полското министрество за земјоделство го изразија задоволството од можноста за пренесување на нивното искуство  во полето на земјоделството на земја кандидат за членство каква што е нашата и особено внимание посветија на презентацијата на министреот Димовски посветена на македонскиот агро сектор, во најголем дел на производството на грозје и вино, на тутун, на градинарски производи и овошје.

Тие ја поздравија иницијативата за  формирање на Центар за производство на сертифициран семенски и саден материјал, кој е во насока на зголемување на продуктивноста на македонското земјоделство, вклучително и во борбата против климатските промени.

Министреот Димовски посочи дека трговијата со земјоделско прехранбени производи со овие земји иако генерално е добра, во иднина има услови и треба да се зголеми.