- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Потврдите за платени надоместоци по службена должност МЗШВ ќе ги доставува до Платежната агенција за сите земјоделциDate of publication: 9 November 2011Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство како што соопштивме и во текот на вчерашниот ден, по службена должност ќе ги достави потврдите за платени надоместоци за сите земјоделци кои аплицирале за Програмата за рурален развој за оваа година, вклучително и за оние кои по пошта веќе добиле потври за платени надоместоци за користење на државна земја и за механизација од Јапонската помош. На ваков начин Министерството за земјоделство им излезе во пресрет на барањата на сите земјоделци, односно и на оние кои апликациите за Програмата ги доставиле во почетокот од објавувањето на јавниот повик, а кои аплицирале непосредно пред поедноставувањето на процедурите за аплицирање. Со ваквото поедноставување на процедурите, Министреството како и досега покажа дека има слух за потребите и барањата на сите земјоделсци во Република Македонија. Министреството уверува дека нема причина за загриженост дека заинтересираните земјоделци со поедноставувањето на процедурите нема да имаат никакви проблеми при остварувањето на правото на аплицирање за Програмата за рурален развој. За доставувањето на потребните потврди до Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој по службена должност, уште во почетокот на минатата недела информирани се сите подражни единици на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство. |