Наместо на земјоделците, потврдите за аплицирање МЗШВ по службена должност ќе ги доставува до Платежната агенција

Дата на објава: 
8 Ноември 2011

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство по службена должност до Агенциајта за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој ќе ги доставува потврдите за платен надоместок за користење на државна земја и за механизација од  јапонската помош. За ова се информирани сите подрачни единици на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство уште во почетокот на минатата недела со што е дадена можност на сите заинтересирани земјоделци да аплицираат за годинешната Програма за рурален развој.

Инаку, во интерес на навремено реализирање на пртограмата за поддршка на руралниот развој, Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство ги следи потребите и барањата на земјоделците. Токму затоа годинава фокусот за трошење на финансиската средства од оваа програма е ставен на мерките за модерницазија на земјоделските стопанства, вклучително и за набавка на земјоделска механизација како и за подобрување на патната инфраструктура во руралните средини, што е од големо значе ње за земјоделците.

Министерството за земјоделство, во Програмата за поддршка на руралниот развој за развој за 2012 година ќе одвои повеќе пари. Сите иницијативи за водедување на нови марки дадени од страна на земјоделските здруженија, вклучително и на Федерацијата на македонските фармери ќе бидат разгледани при подготовка на новата програма за поддршка.