- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Со израелска експертска помош ќе го развиваме руралниот туризамDate of publication: 3 November 2011Министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска одржа работен состанок со експерти за рурален туризам од Израел, гости на невладината организација Локална агенција за развој од Струга. На состанокот беше разговарано за потенцијалите кои ги има Република Македонија за развој на овој вид туризам и за можностите за пренесување на израелското искуство. Министерот Димовски ги информира членовите на израелската делегација дека Република Македонија преку програмите за поддршка на земјоделството, од буџетот одвојува значителна сума на пари за поддршка и развој и на руралниот туризам. Македонските земјоделци имаат можност за унапредување на руралниот развој да користат и средства од европските предпристапни фондови, но, како што кажа тој, сеуште, поради високите критериуми кои ги наложува Унијата, мал е процентот на искористеност на европските пари за оваа намена. ,,Во основа, се што земјоделците неможат да исполнат како услов за да ги користат предпристапните фондови, отворена е можноста нивните идеи за рурален развој, пред се за агротуризам да ги реализираат преку националната програма за рурален развој,, - рече тој. Република Македонија нема големо искуство во развојот на овој вид на туризам и затоа како што потенцира министерот Димовски, за нас е од особена важност секоја помош и поддршка. Се надевам додаде тој, дека ќе можеме да го искористиме искуството кое го има Израел за развој на оваа гранка од туризмот, со што, преку едукација и нашите земјоделци ќе се оспособат адекватно да одговорат на потребата за развој на оваа гранка од земјоделството и од туризмот. -Руралниот развој за Владата на Република Македонија е од висок приоритет и затоа во наредната година за негова поддршка преку националната програма за рурален развој ќе се одвојат повеќе од 20 милиони евра. Најголемиот дел од овие средства ќе се насочат за унапредување на инфраструктурата во руралните средини бидејќи таа е основа и за задржување на луѓето на село и за развој на алтернативниот туризам - истакна министерот Димовски. Израелските експерти истакнаа дека во Република Македонија има идеални услови за развој на руралниот туризам, онаков каков што пред повеќе од 20 години развил и Израел во кибуците и каков што функционира и се развива и денес. Како што посочија тие неминовно е на концептот за развој на селскиот туризам да работат заедно државата, невладиниот сектор и земјоделците. Преку ваква стратегија, како што посочија тие, израелските земјоделци пред две децении успешно ја надминале економската криза. Министерот Димовски ги информира израелските експерти дека Владата на Република Македонија во изминативе години разви нов концепт за поддршка на туризмот, вклучително и за руралниот и тој одлично функционира. ,,Особено важен за нас е винскиот туризам. Република Македонија е традиционален производител на големи и квалитетни количини грозје, па оттаму, позиционирањето на винскиот туризам како еден од приоритетните за нас е од исклучителна важност. Овој концепт сега успешно се реализира преку трасираните вински патишта во кој се вклучени неколку поголеми винарски визби,, - заклучи тој. |