- Ministria
- PËR NE
- MARRËDHËNIE ME PUBLIKUN
- DOKUMENTE
- PRODHIMTARIA ORGANIKE
- TË DHËNAT PËR KUALITET
- PËR EXIM SHFRYTËZUESIT
Брза реакција на министерот Димовски по отворената владина седницаDate of publication: 31 October 2011Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, денеска, во Министерството за земјоделство, на Јонче Трпковски, од прилепското село Чепигово, му го врачи договорот за закуп на 7,7 хектари државно земјоделско земјиште од 28.10.2011 година. Брзата реакција на министерот Димовски следи по вчерашната отворена владина седница на која, на иницијатива на Премиерот Никола Груевски, беше актуелизирана темата за потпишување на договорите за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост во ова населено место. Министерот Димовски на средбата му посочи на земјоделецот дека потребно е во најскоро време да изработи геодетски елаборат за да го стави земјиштето кое го доби во закуп во владение а да почне со производство. На средбата стана збор и за плановите кои ги има овој производител за производство на површините кои ги доби во закуп, како и идеите на здружението на земјоделци чиј член е за развој на регионот. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство во текот на оваа недела ќе им ги достави договорите за закуп на државно земјоделско земјиште на сите оние кои дадоа најдобра понуда на овој јавен оглас. |