С О О П Ш Т Е Н И Е ЗА ПРИЈАВУВАЊЕТО ЗА ПОЛАГАЊЕ НА ИСПИТ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ЛИЦЕНЦА ЗА ПРОЦЕНИТЕЛ НА ТУТУН

Date of publication: 
26 October 2011

Пријавувањето на заинтересираните кандидати за полагање на испит за добивање на лиценца за проценител на тутун ЗАПОЧНУВА НА 28 ОКТОМВРИ И ЗАВРШУВА ЗАКЛУЧНО СО 7 НОЕМВРИ 2011 година.

 

Испитот се полага пред комисија што ја формира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

 

Заинтересираните кандидати заедно со пријавата (во која се наведуваат адресата на живеење и контакт телефон) за полагање на испит за добивање на лиценца за процена на тутунот треба да ги приложат следните потребни документи:

 

1. Диплома за завршено високо, вишо или свидетелство за завршено средно образование од областа на технологијата за производство и обработка на тутун  или

 

2. Кандидатите кои немаат соодветно образование треба да приложат копија од М1/М2 Образец со податоци за работниот стаж и тоа:

-високо образование со две години работен стаж

-вишо образование со три години работен стаж или

-средно образование со четири години работен стаж.

 

За работното искуство во областа на технологијата за производство и обработка на тутун треба да се достави и потврда од фирмата.

 

3. Кандидатите кои немаат соодветно високо, вишо или средно образование кои се производители на тутун непрекинато најмалку последните пет години треба да приложат договор за производство и откуп на тутун или потврда од претпријатието со кое производителот склучувал договори за производство и откуп на тутун и документ за завршено образование.

 

Пријавата заедно со потребната документација се доставуваат најдоцна до 07.11.2011 година до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на адреса: улица "Јуриј Гагарин" бр.15, Скопје 1000.

За трошоците, местото и датумот на одржување на испитот за полагање, заинтересираните кандидати кои ги исполнуваат законските услови, дополнително ќе бидат известени.